Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles

Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles Teatar ,,Jordan H.K. Dzinot,, - Veles
"Blagoj Gjorev" bb
1400 Veles, Macedonia
Tel: +389 43 231 750 , biletara: +389 72 269 336

Националната Установа Центар за култура Театар "Јордан Хаџи Константинов - Џинот" од Велес е една од најстарите и водечки театарски институции во Македонија, основана во 1948 година. Го носи името на својот патрон Јордан Хаџи Константинов - Џинот, првиот македонски драмски писател и основоположник на македонскиот театар. Театарот "Џинот" Велес е државна театарска институција финансирана од Министе

рството за култура на Република Македонија. Театарот има нова репрезентативна театарска зграда со највисоки технички стандарди и театарски простор со голема сцена предвидена за 370 луѓе и мала сцена со отворен студиски концепт предвидена за 104 луѓе во публиката.
За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница на Театарот.

🎭 Среќен роденден, Александар! 🎂Денес, 19 август, својот роденден го прославува Александар Ивановски, театарски режисер ...
19/08/2026

🎭 Среќен роденден, Александар! 🎂

Денес, 19 август, својот роденден го прославува Александар Ивановски, театарски режисер и член на ансамблот на НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес.

Со својата посветеност, љубов кон театарот и препознатлив режисерски ракопис, Александар остави значаен белег во македонскиот и регионалниот театарски простор.

Неговиот режисерски потпис стои зад повеќе значајни претстави, меѓу кои „Федра“, „Енергични луѓе“, „Како што сакате“ , „Галеб“ , MME кој прв почна,, и други. Неговиот творечки пат го носи и надвор од Македонија, со режисерски ангажмани во Романија и Чешка.

Александар, ти посакуваме уште многу успешни режии, нови сценски предизвици, инспирација и незаборавни средби со публиката!

Концерт на „Пијан Славеј" трио во Велес.На 19-ти август, среда, со почеток во 21:00 часот, НУ Театар „Јордан Хаџи Конста...
18/08/2026

Концерт на „Пијан Славеј" трио во Велес.

На 19-ти август, среда, со почеток во 21:00 часот, НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ Велес – Мала сцена, ќе биде домаќин на „Пијан Славеј" трио и нивниот концертен перформанс насловен "Нудист".

„Пијан Славеј“ е авторски музичко-поетски формат на Бранислав Николов, заедно со Пеце Брада Трајковски и Славчо Јовев (тројцата членови на групата „Фолтин“), во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век. Нивниот израз носи драма, емоција и инспирација.

Состав:
Бранислав Николов – глас, гитара
Пеце Брада Трајковски – ел. гитара, синт
Славчо Јовев – тапани

Групата е формирана кон крајот на 2021 г. Првиот настап го имаат на скопскиот „OFFest“, а наредната година, „Скопскиот џез фестивал“ го издава нивниот прв и епонимен мини-албум. Настапуваат на „Д-фестивал“ во Дојран, фестивалот „Druga Godba“ во Љубљана, „Српската ревија на македонскиот филм“ во Белград, „Д-фестивал“ во Штип, „Бош фестивал“ во Струмица, „Поетскиот слем“ во Прилеп, и други фестивали во земјава. 2024 „Скопскиот џез фестивал“ го издава и нивното второ студиско издание, насловено „Нудист“.

🗓 Датум: 19 август 2026 година
🕘 Час: 21:00 ч.
📍 Локација: НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ Велес – Мала сцена
🎫 Влез: Слободен

* бесплатни влезници ќе може да се подигнат од билтерата на НУ Театар Ј.Х.К Џинот од 17.08.2026

Ве очекуваме на автентично музичко-поетско патување!

Концертот е поддржан од Министерство за Култура на Македонија.

🎭 Среќен роденден, Зорица! ❤️Денес својот роденден го слави нашата драга колешка, актерката Зорица Панчиќ – долгогодишен...
11/08/2026

🎭 Среќен роденден, Зорица! ❤️

Денес својот роденден го слави нашата драга колешка, актерката Зорица Панчиќ – долгогодишен и значаен член на ансамблот на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

Со својот талент, посветеност, сценска енергија и препознатлив актерски сензибилитет, Зорица со години ја збогатува велешката и македонската театарска сцена. Нејзиниот пат во театарот започнува уште во 1994 година, а зад неа се низа улоги, претстави, фестивали, аплаузи и средби со публиката.
Во 2025 година одбележавме и 30 години нејзина професионална актерска дејност, јубилеј достоен за голем поклон пред уметникот и човекот кој три децении живее со сцената и за сцената.

Зорица, ти посакуваме уште многу здравје, среќа, убави мигови и – пред сè – уште многу улоги, премиери и долги аплаузи!

ПРЕМИЕРА 🎭 " ГОДО" 15. Јули. 2026 / 20ч. Во рамките на Штипско Културно Лето /Stip Curtural Summer , локација - Н.У. Цен...
11/07/2026

ПРЕМИЕРА 🎭
" ГОДО"
15. Јули. 2026 / 20ч.
Во рамките на Штипско Културно Лето /Stip Curtural Summer ,
локација - Н.У. Центар за култура "Ацо Шопов" Штип - голема сала, со публика на сцена. (Капацитетот на публика е веќе целосно исполнет). Следуваат премиери на претставата од септември во Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles и НУЦК Трајко Прокопиев Куманово и на редовен репертоар исто и во Театар Штип

По мотиви на "Чекајќи го Годо" од Семјуел Бекет
Режија: Ѓорѓи Ризески
Идеја и адаптација: Ефтим Трајчов Ѓаурски и Ѓорѓи Ризески
Композитор и изведба на музика во живо : Сашко Костов
Сценограф: Филип Коруновски
Костимограф: Моника Гачева
Кореограф: Сања Русеска
Шминка: Андријана Андреева
Фотограф: Александар Вржалски
Дизајн на плакат: Александар Арсов

Улоги:
Ефтим Трајчов Ѓаурски
Марко Трајковиќ
Жарко Спасовски
Марија Бреслиска
Јоана Панзова

Проектот е копродукција помеѓу:
Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес
НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип
НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово
ЕДУИНФО МЕДИЈА – Штип

Инспициент: Славиша Ѓеоргиев
Суфлер: Орхидеја Дукова
Технички раководител: Никола Игнов
Светло: Марјан Тодоровски, Зоран Јордев
Тон: Сашко Костов
Гардеробер: Јулија Ангеловска
Шивач: Панче Стојменов
Реквизитер: Благој Илиев, Сашка Данаиловска
Декоратери: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Трајче Кулев, Роберто Карадаковски,Никола Спасев, Александар Костов, Игор Стоиљковиќ и Леонид Николов.

Проектот е поддржан од Општина Штип и Штипско Културно Лето

Спонзори:
Telekabel
Longurov Print Studio

🎉 Среќен роденден, Кети Борисовска! 🎭Денес со особена радост ѝ го честитаме роденденот на нашата драга колешка Кети Бори...
07/07/2026

🎉 Среќен роденден, Кети Борисовска! 🎭

Денес со особена радост ѝ го честитаме роденденот на нашата драга колешка Кети Борисовска, актерка и долгогодишен член на ансамблот на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес.

Со својата посветеност, сценска искреност и актерска зрелост, Кети Борисовска низ годините создаде бројни впечатливи сценски остварувања, оставајќи силен печат во репертоарот на нашиот театар и освојувајќи ја љубовта на публиката.
Драга Кети, ти посакуваме здравје, среќа, неисцрпна творечка енергија,многу успешни улоги кои ќе ја збогатуваат македонската театарска уметност и нека секој нов аплауз биде потврда за твојата љубов кон сцената, а секоја нова премиера нов повод за гордост.

Со големо задоволство го најавуваме почетокот на работата на новиот театарски проект „ГОДО“, современа авторска адаптаци...
26/06/2026

Со големо задоволство го најавуваме почетокот на работата на новиот театарски проект „ГОДО“, современа авторска адаптација по мотиви на култното дело „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет.

За првпат во македонскиот театар се реализира копродукција од ваков обем, која обединува четири различни институции и уметнички тимови во заедничка мисија – создавање на ново, современо и автентично сценско читање на едно од најзначајните драмски дела на 20 век.

„ГОДО“
- по мотиви на „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет

Проектот е копродукција помеѓу:
Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес
НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип
НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово
ЕДУИНФО МЕДИЈА – Штип

Режисер: Ѓорѓи Ризески
Идеја и адаптација: Ѓорѓи Ризески и Ефтим Трајчов Ѓаурски
Сценограф: Филип Коруновски
Костимограф: Моника Гачева
Композитор и изведба на музика во живо : Сашко Костов
Кореограф: Сања Русеска
Фото: Крсте Шупев

Улоги:
Ефтим Трајчов Ѓаурски
Марко Трајковиќ
Жарко Спасовски
Марија Бреслиска
Јоана Панзова

Инспициент: Славиша Ѓеоргиев
Суфлер: Орхидеја Дукова
Технички раководител: Никола Игнов
Светло: Марјан Тодоровски, Зоран Јордев
Тон: Сашко Костов
Гардеробер: Елена Кочановска
Шивач: Панче Стојменов
Реквизитер: Благој Илиев, Сашка Данаиловска
Декоратери: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Трајче Кулев, Роберто Карадаковски,Никола Спасев, Александар Костов, Игор Стоиљковиќ и Леонид Николов.

Проектот е поддржан од Општина Штип и „Штипско културно лето“.

Спонзори:
Telecabel
Longurov Print Studio

Следуваат интензивни проби, креативен процес и создавање на сценско дело кое низ современ јазик ќе ги отвори прашањата за човекот, иднината, технологијата, надежта и чекањето во 21 век.

Наскоро повеќе информации за процесот на работа и премиерата.

Address

Улица , Благој Ѓорев“ бб
Veles
1400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles:

Shortcuts

Share