Strumica OPEN Festival

Strumica OPEN Festival #СОФ2024 Локација: СТРУМИЦА, Градски Плоштад
Покровител на Фестивалот: Општина Струмица
(230)

🎉 СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2025 – МОЗАИК ОД ЕМОЦИИ ШТО ЌЕ СЕ ПАМЕТИ! 🎶 Со низа незаборавни моменти, го заокружуваме 14-то ...
15/08/2025

🎉 СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2025 – МОЗАИК ОД ЕМОЦИИ ШТО ЌЕ СЕ ПАМЕТИ! 🎶

Со низа незаборавни моменти, го заокружуваме 14-то издание на Струмица Опен Фестивал 2025 – фестивал кој и ова лето ја испиша својата магична приказна. Во текот на јули и август, градот живееше во ритамот на музиката, уметноста и заедништвото, а градскиот парк се претвори во вистинска оаза на култура и добра енергија. 🌳🎤

📸 Погледнете ја галеријата со моменти од сите настани што го обележаа овогодинешниот СОФ – од магичните концерти, театарски претстави, улични перформанси, до креативните работилници и фолклор.

🙏 Огромна благодарност до нашата публика – вие сте срцето на фестивалот! Во опуштена атмосфера, со насмевки и позитивна енергија, ја направивте секоја вечер посебна.

🎭 Благодарност до сите артисти кои ја споделија својата уметност со нас – вашата креативност и страст го обликуваа мозаикот од емоции што го носиме со себе.

🏛️ Посебна благодарност до Општина Струмица , градоначалникот Kostadin Kostadinov и Советот на Општината – вашата несебична поддршка и визија беа клучни за реализацијата на СОФ 2025. Благодарение на вашата посветеност, фестивалот продолжува да расте и да ја збогатува културната сцена на нашиот град.

🤝 Искрена благодарност за поддршката и соработката до:

• Министерство за култура 📚
• ЈПКД "Комуналец" Струмица ♻️
• СВР Струмица 👮
• Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица🩺
• И сите институции и волонтери кои беа дел од организацијата и без кои СОФ не би бил тоа што е. 🙌

🌳 Градскиот парк блескаше во својот најубав амбиент – место каде струмичани уживаа во добра музика, фестивалска магија и моменти што ги зближуваат генерации.

💫 СОФ 2025 беше повеќе од фестивал – беше празник на духот, на заедништвото и на уметноста. Ви благодариме што бевте дел од оваа приказна.

✨Се гледаме наредната година – со нови емоции, нови звуци и нови спомени!

Фотографии: Stole Angelov Metodi Velinski

#СОФ2025 #МозаикОдЕмоции #СтрумицаОпенФестивал #КултураЖивееТука

✨СОФ 2025 – МОЗАИК ОД ЕМОЦИИ ЗАТВОРИ ЕДНО НЕЗАБОРАВНО ЛЕТО 🎶Со третата и финална концертна вечер го затворивме 14-то изд...
14/08/2025

✨СОФ 2025 – МОЗАИК ОД ЕМОЦИИ ЗАТВОРИ ЕДНО НЕЗАБОРАВНО ЛЕТО 🎶

Со третата и финална концертна вечер го затворивме 14-то издание на Струмица Опен Фестивал – издание исполнето со музика, емоции и моменти кои ќе се паметат долго. 💖

📍 Ana & The Girls ја отворија вечерта со женска енергија и шарм, воведувајќи нè во уште едно фестивалско доживување.
📍 Каролина Гочева ја обои сцената со елеганција и безвременски хитови.
📍 The Ringtones ја кренаа публиката на нозе и донесоа вистински експлозија од ритам и енергија за големото затворање.

🙏Голема БЛАГОДАРНОСТ до сите вас – публиката – за неверојатната енергија, за тоа што поддржувате и сакате 🇲🇰 македонски изведувачи и музика, и за тоа што секоја година го правите СОФ вистинска приказна. ❤️

Посебна благодарност и до сите наши поддржувачи, соработници и изведувачи, кои го направија можно ова фестивалско патување.🙌

🌳Уживаме што заедно го споделивме летниот фестивалски амбиент во Градскиот парк, со многу музика, дружење и позитивна енергија. 🎵🍻

До следната година – СОФ останува мозаик од емоции што сите заедно го создававме! 🎉

🎶 Вечер на музика, хитови и големи емоции! ✨Втората концертна вечер на Струмица Опен Фестивал 2025 го исполни Градскиот ...
13/08/2025

🎶 Вечер на музика, хитови и големи емоции! ✨

Втората концертна вечер на Струмица Опен Фестивал 2025 го исполни Градскиот парк со музика, насмевки и моменти за паметење.

📍 Анастасија & Никола ја отворија вечерта со младешка енергија и свежи гласови, покажувајќи дека иднината на музиката е во сигурни раце.

📍 Битолски Камерен Оркестар со проектот The Greatest MTV Hits 80s & 90s и прекрасните вокали на Наде Талевска, Ана Петановска, Јана Бурческа, Полина Тасева, Кристина Жечкова и Јасна Димитровска нè вратија во златните музички децении.

📍 Тамара Тодевска ја заокружи вечерта со моќен вокал и емоции кои ја допреа целата публика.

Публиката уживаше во убавиот амбиент на паркот, во совршена комбинација на убава музика, летна вечер и струмички дух, а 🌳✨Градскиот парк блескаше во боите на СОФ. Настанот беше посетен од љубители на музиката од Струмица и целиот регион, создавајќи заедничка приказна исполнета со радост и незаборавни моменти. ❤️🎵

#СОФ2025 #МозаикОдЕмоции #МакедонскаМузика

🎶 ТРЕТА КОНЦЕРТНА ВЕЧЕР НА СОФ 2025 – ФИНАЛЕ СО МОЗАИК ОД ЕМОЦИИ 🌟📅 13 август | 📍 Градски парк Струмица #МозаикОдЕмоции ...
13/08/2025

🎶 ТРЕТА КОНЦЕРТНА ВЕЧЕР НА СОФ 2025 – ФИНАЛЕ СО МОЗАИК ОД ЕМОЦИИ 🌟
📅 13 август | 📍 Градски парк Струмица

#МозаикОдЕмоции #СОФ2025 #14тоИздание

Финалната вечер на Струмица Опен Фестивал 2025 носи неверојатна енергија, големи музички имиња и журка за паметење! 🎉

🕢 19:30 ч. – Ana & The Girls
Талентиран женски бенд кој плени со харизма, свежина и автентични интерпретации – совршен старт на последната фестивалска вечер.

🕣 20:30 ч. – Каролина Гочева
Една од најголемите музички ѕвезди на македонската сцена, со вечер полна емоции и безвременски хитови.

🕙 22:00 ч. – The Ringtones
Скопскиот бенд познат по најголемите журки пристигнува во Струмица за спектакуларно затворање на СОФ 2025!

✨ Три настапи, една вечер и море од емоции – дојдете да ја заокружиме оваа фестивалска приказна заедно!

🎶 Мозаик од емоции… 💔💖Синоќа, првата концертна вечер на Струмица Опен Фестивал 2025 ја обоивме со најискрените чувства –...
12/08/2025

🎶 Мозаик од емоции… 💔💖

Синоќа, првата концертна вечер на Струмица Опен Фестивал 2025 ја обоивме со најискрените чувства – вечер во чест на нашиот Џоко Ѓоргиев. 🌟

Чувствувавме среќа што повторно се обединивме, тага и солзи за изгубеното, но и гордост што неговото име продолжува да живее на сцената – меѓу тапани и гитари, во срцата на младите струмичани кои ја носат неговата музичка приказна понатаму. 🎸✨

Џоко многу години ја делеше сцената на Струмица Опен Фестивал со своите колеги, оставајќи трага и спомени кои денес се дел од срцето на фестивалот. ❤️

Со настапите на Летната школа за гитара „Џоко Ѓоргиев“ и YU For You, музиката стана мост меѓу спомените и сегашноста, а публиката беше дел од овој мозаик составен од љубов, почит и пријателство.

Струмица синоќа докажа – кога се обединуваме, сме посилни. И кога пееме заедно, Џоко е тука. 🎵

YU For You
Васко Пиличев

Фотографии: Stole Angelov

🎶 ВТОРА КОНЦЕРТНА ВЕЧЕР НА СОФ 2025 – МАКЕДОНСКА МУЗИКА & ГОЛЕМИ ХИТОВИ 🌟📅 12 август | 📍 Градски парк Струмица #МозаикОд...
12/08/2025

🎶 ВТОРА КОНЦЕРТНА ВЕЧЕР НА СОФ 2025 – МАКЕДОНСКА МУЗИКА & ГОЛЕМИ ХИТОВИ 🌟

📅 12 август | 📍 Градски парк Струмица

#МозаикОдЕмоции #СОФ2025 #14тоИздание

Втората концертна вечер на Струмица Опен Фестивал 2025 носи силна поддршка за македонската музика и уметници, заедно со спектакуларни изведби на големите MTV хитови од 80-тите и 90-тите години.

🕢 19:30 ч. – Анастасија & Никола
Млади струмички таленти со моќни гласови и искрена енергија, кои ветуваат блескава музичка иднина.

🕤 20:30 ч. – Битолски Камерен Оркестар – The Greatest MTV Hits 80s & 90s
По големиот концерт во Скопје, проектот пристигнува во Струмица со најголемите хитови од златната ера на МТВ, заедно со извонредните вокали на Наде Талевска, Ана Петановска, Јана Бурческа, Полина Тасева, Кристина Жечкова и Јасна Димитровска.

🕙 22:00 ч. – Тамара Тодевска
Една од најмоќните вокалистки на македонската сцена, со вечер полна со емоции и хитови кои сите ги пееме.

✨ Очекувајте музичка програма што ќе ве воодушеви – комбинација на млад талент, врвна изведба и песни што го обележаа времето.

🎶 ПРВА КОНЦЕРТНА ВЕЧЕР НА СОФ 2025 – ВО ЧЕСТ НА ЏОКО ЃОРГИЕВ 🌟📅 11 август (понеделник) | 📍 Градски парк Струмица #Мозаик...
11/08/2025

🎶 ПРВА КОНЦЕРТНА ВЕЧЕР НА СОФ 2025 – ВО ЧЕСТ НА ЏОКО ЃОРГИЕВ 🌟

📅 11 август (понеделник) | 📍 Градски парк Струмица

#МозаикОдЕмоции #СОФ2025 #14тоИздание

Струмица Опен Фестивал 2025 го отвора својот концертен мозаик со вечер исполнета со емоции, музика и спомени, посветена на трагично загинатиот млад струмичанец Џоко Ѓоргиев.

🕢 20:30 ч. – Летна школа за гитара „Џоко Ѓоргиев“
Младите таленти ќе ја отворат вечерта со музички изведби во чест на својот некогашен член и инспирација, чие име од оваа година гордо го носи школата. Васко Пиличев

🕙 22:00 ч. – YU For You
Култниот бенд со кој Џоко некогаш настапуваше, ќе ја исполни сцената со звуци и емоции во негова чест – концерт што ќе ја допре секоја душа. YU For You

✨ Ве покануваме да бидете дел од оваа посветена и трогателна прва вечер на СОФ 2025, каде музиката ќе зборува за љубовта, пријателството и сеќавањата.

🎤 ANA & THE GIRLS! 🌸13 август | 19:30 ч. | Градски парк Струмица #МозаикОдЕмоции  #СОФ2025Финалната вечер на Струмица Оп...
07/08/2025

🎤 ANA & THE GIRLS! 🌸
13 август | 19:30 ч. | Градски парк Струмица

#МозаикОдЕмоции #СОФ2025

Финалната вечер на Струмица Опен Фестивал 2025 ќе започне со стил, енергија и женска музичка моќ! 🎶

На 13 август, со почеток од 19:30 часот, на сцената во Градскиот парк Струмица, настапуваат талентираните Ana & The Girls – бенд кој освојува со својата свежина, харизма и автентични интерпретации.

Очекувајте вечер што ќе започне со емоции, ќе ве раздвижи и ќе ве подготви за уште едно незаборавно фестивалско финале!

Не доцнете – дозволете Ana & The Girls да ве воведат во уште една музичка магија од мозаикот на СОФ! 💫🎤

🎸 THE RINGTONES  на СОФ 2025! 🔥13 август | 22:00 ч. | Градски парк Струмица #МозаикОдЕмоции  #СОФ2025По познатиот глас: ...
07/08/2025

🎸 THE RINGTONES на СОФ 2025! 🔥
13 август | 22:00 ч. | Градски парк Струмица

#МозаикОдЕмоции #СОФ2025

По познатиот глас: „Каде и да свират – журката е загарантирана!“, The Ringtones, еден од најенергичните скопски бендови, пристигнуваат во Струмица за да го затворат фестивалското лето како што доликува – со експлозија од ритам, музика и забава! 🎉🎶

📍 На 13 август, со почеток од 22:00 часот, во Градскиот парк Струмица, подгответе се за ноќ полна со свирка, пеење, танцување и добра енергија – токму како што само The Ringtones знаат да приредат!

Ако сакате вистинска журка – оваа вечер не се пропушта!

#СОФ2025 #СкопскаЖуркаВоСтрумица

🎶 КАРОЛИНА ГОЧЕВА НА СОФ 2025! 🌟13 август | 20:30 ч. | Градски парк Струмица #МозаикОдЕмоции  #СОФ2025Со особено задовол...
07/08/2025

🎶 КАРОЛИНА ГОЧЕВА НА СОФ 2025! 🌟
13 август | 20:30 ч. | Градски парк Струмица

#МозаикОдЕмоции #СОФ2025

Со особено задоволство најавуваме настап на една од најголемите музички ѕвезди на македонската сцена – КАРОЛИНА ГОЧЕВА, на 13 август, со почеток од 20:30 часот, во прекрасниот Градски парк Струмица. 🎤✨
Karolina Goceva

Очекувајте вечер исполнета со елеганција, емоција и безвременски хитови кои ги обележаа последните две децении. Каролина со својот глас и присуство повторно ќе го освои струмичкото срце, како дел од мозаикот на емоции што го создава Струмица Опен Фестивал 2025. 💖🎵

Не ја пропуштајте вечерта која долго ќе се памети!

Се гледаме во паркот!🤩

Address

Плоштад Гоце Делчев
Strumitsa
2400

Telephone

+38977990179

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Strumica OPEN Festival posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Strumica OPEN Festival:

Share

Category