AsterFest Film Festival

AsterFest Film Festival International Film Festival ASTERFEST 🇲🇰 International film festival

📽️НЕШТО БЕСМИСЛЕНО / SOMETHING POINTLESS, една од повеќето македонски премиери на АстерФест во Струмица👁️‍🗨️ #соотворени...
05/06/2026

📽️НЕШТО БЕСМИСЛЕНО / SOMETHING POINTLESS, една од повеќето македонски премиери на АстерФест во Струмица👁️‍🗨️

#соотворениочи #Струмица

Општина Струмица North Macedonia Film Agency

🚩Автор на официјалниот плакат за овогодишниот „Астерфест“ е ликовниот уметник Ване Костуранов👏👁️‍🗨️❤️ #соотворениочи    ...
20/04/2026

🚩Автор на официјалниот плакат за овогодишниот „Астерфест“ е ликовниот уметник Ване Костуранов👏👁️‍🗨️❤️

#соотворениочи #струмица

🖤In Memoriam: ЖЕЛИМИР ГВАРДИОЛ / Želimir Gvardiol (1957–2026)Желимир Гвардиол беше еден од ретките филмски автори и приј...
16/04/2026

🖤In Memoriam: ЖЕЛИМИР ГВАРДИОЛ / Želimir Gvardiol (1957–2026)

Желимир Гвардиол беше еден од ретките филмски автори и пријатели, кои на посебен начин беа поврзани со „Астерфест“. Тој беше интернационално почитуван и наградуван режисер на кратки и документарни филмови, член на жирито на „Астерфест“, а седум негови дела со голем успех беа прикажувани во Струмица: КАКВИ СМЕ – ТАКВИ СМЕ (12 мин., 1988/90), ЗЛОСТОР И КАЗНА (13 мин., 1990), НЕ ЗНАМ НИ КАДЕ, НИ КОГА, НИ КАКО... (8 мин., 1994), ОТЕЦОТ, СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ (19 мин., 1998), ЦРНИ ГАВРАНИ (15 мин, 2001), СОМНЕЖИ И ТАЈНИ (14 мин., 2011) и КОРЕНИ НА ЗЛОТО (23 мин., 2015).✔️

✍️ОД ЧОВЕЧКА ТРАГЕДИЈА КОН ТРАГИЧНА ФАРСА: за документарните филмови на Желимир Гвардиол

Во своите краткометражни документарни филмови Желимир Гвардиол постојано се занимава со луѓето во рабестите, гранични ситуации на егзистеницијата.Токму таквите, проткаени со неизмерно страдање, вина, ненадејна смрт или неизлечива болест, неговите јунаци ни ги откриваат оние потенцијали на човечкото битисување кои секојдневието, претворено во тривијалност, најчесто од нас ги сокрива. Поминувајќи низ трајното искуство на страдањето, овие ликови во ист час како по правило да се опкружени со некоја голема тајна, нешто што ги надминува, како во физичкиот така и во метафизичкиот поглед. Така штитениците за азил на умоболни, на островот Угљан, во филмот „Какви сме – такви сме“ се опкружени со морето како вечен принцип, но и со непремостивата ограда од вистинскиот свет и животот; додека во филмот „Не знам ни каде, ни кога, ни како“ старите луѓе се опкружени со бедата и надоаѓачката празнина во текот на рекордната хиперинфлација во Србија во 90-тите; а во „Црни гаврани“ го гледаме таткото соочен со несфатливиот Молох на државата и државната политика, која го повикува да го прими посмртниот орден за синот единец кој го изгубил во војната, во текот на НАТО-агресијата во Србија во 1999. Во документарниот триптих „Отецот, синот и светиот дух“ самиот виор на војната ја претставува онаа „немерлива сила“ која поединецот не само што ја надминува, туку и до непрепознавање ја преобразува, правејќи го бестијално суштество, целосен странец или хендикепирана личност и жртва во односот со најблиските сродници. Самиот наслов може да се разбере како травестија или дури и како горчлива иронија на канонизираното христијанско тројство – конкретизирано низ мракот и карамазовштината на поединечните човечки несреќи, новозаветната симболика на Отецот, Синот и Светиот Дух сообразена е во кошмарот на историјата што кон крајот на XX век го проживеавме. Наспроти сѐ, ниту она другото гласовито христијанско тројство – Верата, Надежта и Љубовта – не би требало да се исклучува како латентен слој и скриено лице на ова дело.
Колку што се сеќавам, една позната Годарова „новоатласовска“ теза зборува за тоа дека документарниот филм треба да тежи кон играната форма, и обратно. Вредноста на документарците на Гвардиол е токму во драмскиот набој и градацијата, и во секогаш присутниот драмски судир (најчесто помеѓу општите принципи и поединците), како и во нагласеното страдање во трагичката вина на неговите јунаци. Сето ова јасно укажува на формата која се приближува и соодветствува со драматургијата на играниот филм; тоа е посебно и во сите сегменти видливо во „Злостор и казна“, едно од најсилните дела на овој автор. Драмата за жената која во очај го убила својот маж, насилник, и во затворот сепак одлучила да го роди неговото дете, како да содржи веќе готов, развиен синопсис за игран филм – ни се чини навистина дека сценариото на Душко Премовиќ за третата приказна за играниот ТВ – филм „Некој сепак ме чека“ (2009) веројатно во добар дел е инспирирано и од Гвадиоловата документарна сторија.
Документаристичкиот опус на Желимир Гвардиол се развивал во изминатите две и пол децении, и би рекол дека во поновите дела овој автор тежнее кон некој вид на жанровско експериментирање и сопствено менување: така филмот „Сомнежи и тајни“ со употребата на музиката, кадрирањето и монтажата како најмногу да се стреми кон трагичната фарса, по сѐ новиот облик во однос на третманот на стварноста на поранешните дела на овој автор.

Срѓан Вучиниќ

UFUS AFA - Organizacija filmskih autora

🎉Театарската и филмската уметност сè повеќе се вкрстуваат и надополнуваат, овозможувајќи адаптации на познати драми.27 м...
27/03/2026

🎉Театарската и филмската уметност сè повеќе се вкрстуваат и надополнуваат, овозможувајќи адаптации на познати драми.
27 март — Меѓународен ден на театарот 🎭🎬
© Алфред Лехнер

✨КИНЕМАТОГРАФСКИТЕ ПРОБЛЕСОЦИ ВО СТРУМИЧКО / THE CINEMATOGRAPHIC SPARKS IN STRUMICA REGION / ÉCLATS CINÉMATOGRAPHIQUES D...
20/03/2026

✨КИНЕМАТОГРАФСКИТЕ ПРОБЛЕСОЦИ ВО СТРУМИЧКО / THE CINEMATOGRAPHIC SPARKS IN STRUMICA REGION / ÉCLATS CINÉMATOGRAPHIQUES DE LA RÉGION DE STRUMICA: текстовите од истоимениот симпозиум којшто беше дел од „Астерфест“, во соработка со Кinoteka.mk
�https://kinoteka.mk/wp-content/uploads/2019/02/Kinopis-39-40-za-WEB-LR.pdf

Преземи: КИНОПИС БР. 39-40   СОДРЖИНА   ДОСИЕ -27 октомври – светски ден на УНЕСКО за заштита на аудиовизуелното наследство -Извадоци од Рамковниот договор за утврдува....

🗞️САМОТИЈА (Lonely - Samoća) на Bobby Grubic и Miro Gavran пристигна во Холивуд! За нивните најнови успеси пишува и Vije...
15/03/2026

🗞️САМОТИЈА (Lonely - Samoća) на Bobby Grubic и Miro Gavran пристигна во Холивуд! За нивните најнови успеси пишува и Vijenac, кој напомнува дека првата награда филмот ја доби токму на AsterFest во Струмица, каде филмот имаше балканска премиера.👏🏅✨

🏅Автентичните награди ЃОРГИ АБАЏИЕВ (за најдобро сценарио) и АЦО АЛЕКСОВ (за најдобар автор), покрај плакетата, од оваа ...
03/03/2026

🏅Автентичните награди ЃОРГИ АБАЏИЕВ (за најдобро сценарио) и АЦО АЛЕКСОВ (за најдобар автор), покрај плакетата, од оваа година треба да добијат форма на медалјон✨
Nikola Pijanmanov Art

📂Ларс Хенрик Гас е еден од ретките пријатели и лауреати на АстерФест, кој беше специјален гостин во Струмица како прв чо...
23/02/2026

📂Ларс Хенрик Гас е еден од ретките пријатели и лауреати на АстерФест, кој беше специјален гостин во Струмица како прв човек на фестивалот во Оберхаузен — најстариот европски фестивал за кусометражен филм, заедно со белградскиот и краковскиот.✅
🔗https://necsus-ejms.org/oberhausen-interview-lars-henrik-gass/

🔖Финлај Претсел ќе има премиера на својот најнов филм во Берлин. Тој е коавторот на  „Откачување“ за кој ја доби Златнат...
13/02/2026

🔖Финлај Претсел ќе има премиера на својот најнов филм во Берлин. Тој е коавторот на „Откачување“ за кој ја доби Златната потковица на АстерФест во 2012 година.✨

🎄Среќни празници!✨
31/12/2025

🎄Среќни празници!✨

Address

Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when AsterFest Film Festival posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to AsterFest Film Festival:

Share

Category