04/08/2026
Почитувани граѓани,
Со големо задоволство го најавуваме првото големо име од музичката програма на „Штипска Пастрмалијада 2026“.
На 19 септември, Градскиот стадион во Штип ќе биде домаќин на уште една голема музичка вечер во рамки на годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада “.
Пред штипјани и гостите ќе настапи ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ - еден од најпознатите и најпочитувани автори и изведувачи на регионалната музичка сцена.
Со своите безвременски хитови, препознатлив музички израз и концертна енергија која обединува генерации, Жељко Јоксимовиќ доаѓа во Штип за вечер исполнета со врвна музика, емоции и незаборавна атмосфера.
Минатогодишното издание на Штипска Пастрмалијада остави силни впечатоци и покажа дека нашиот град знае да создава големи настани и моменти кои долго се паметат.
И оваа година продолжуваме со истата посветеност - со квалитетна програма, професионална продукција и содржини кои ќе донесат нови спомени за сите посетители.
Жељко Јоксимовиќ е само почетокот. Останатите артисти и целосната програма за Штипска Пастрмалијада 2026 ќе бидат објавени наскоро.
📅 19 септември 2026📍 Градски стадион - Штип
Со почит,
Општина Штип