08/04/2026
Среќен 8-ми Април, Меѓународен ден на Ромите.
Почитувани Роми,
Ви го честитам најголемиот национален празник, 8-ми Април, гордоста наша!
Денот кога започна новата современа историја на Ромите во светот.
Денот кога, протагонистите рекоа ДОСТА Е!
Доста е од неправдите, доста е од нееднаквоста и доста е да сме третирани како "егзотика" и како "други".
Кога тие рекле "доста е", светот се зачуди и виде силна политика креирана од самите Роми.
Затоа денес треба да славиме. Треба да славиме поради кренатиот глас на "безгласните", на тие кои немаат држава.
Денес, нема да говорам за неправдите и сетоа тоа што не опкружува. Денес, нема да говорам за тоа колку и што ни фали, колку сме дискриминирани. Денес, нема да говорам за тоа како живееме.
Состојбата на Ромите треба да се говори секој ден, а не само за 8-ми Април.
ПАРТИЈАТА СОЈУЗ НА РОМИТЕ СЕКОГАШ БИЛА ДВИГАТЕЛ НА ПРОМЕНИТЕ КАЈ РОМИТЕ.
КАКО ПАРЛАМЕНТАРНА ПАРТИЈА, ПОД РАКОВОДСТВО НА АМДИ БАЈРАМ, ПРИДОНЕСЕ ПРАЗНИКОТ 8-МИ АПРИЛ, ДА БИДЕ ДРЖАВЕН ПРАЗНИК ЗА ПРИПАДНИЦИТЕ НА РОМИТЕ.
Денес треба да славиме!
Да го славиме нашиот идентитет.
ИДЕНТИТЕТ КОЈ ОПСТОЈУВА НИЗ ВЕКОВИ БЕЗ ДРЖАВА.
Замислете, толку сме силни и моќни, што никој не успеал да не скрши. Го зачувавме јазикот, културата и сетоа тоа што не прави едниствени.
Татко ми, Амди Бајрам, секој ден говорел за проблемите на Ромите од собраниската седница. Секојдневно решавал проблеми и креирал програми за сите нас. Само и само за 8-ми Април, не говорел за проблемите.
На овој ден тој славеше заедно со сите Роми.
Славел со музика, со гордост и со знамето.
Затоа денес, ќе славам, а од утре ќе говорам за проблемите на мојата заедница.
Габриел Бајрам
претседател на СРМ