Paintball Arena BEST

Paintball Arena BEST Sport
(344)

Теренот е лоциран на 100 метри од влезот на населбата Драчево, а се протега на 4100 квадратни метри.
Пушка, воена униформа, топчиња полни со боја и подготвен терен се неопходни предуслови за да почне адреналинската игра пеинтбол. Адреналин до максимум, многу забава, валкање со многу боја, губење многу калории и понекоја модринка се карактеристиките на оваа спортска и забавна активност. Играчите се

натпреваруваат во тимови или индивидуално за да ги елиминираат противниците со погодување со капсули што содржат раствори од вода и боја. Фаќање на знамето, елиминација, одбрана или напад на одредена точка или област се дел од игрите што се применуваат.

Во зависност од играта, забавата може да трае од секунди до неколку часа. Во повеќето области каде што се игра пеинтбол, играчите се бара да носат заштитни маски и правилата на играта строго се спроведуваат. Во светот се организираат лиги и турнири во пеинтбол со професионални тимови и играчи. А оваа игра се користи и од воените сили и безбедносни организации во дополнителната воена обука.

Препреките и базите се направени од различни материјали, како палети, метални препреки, сено, гуми. Опремата се состои од комбинезон, заштитен елек, кацига за пеинтбол, ракавици, како и пеинтбол-пушка.

За една извонредна игра потребни се добар тим и добар противнички тим, каде што играчите максимално би биле внесени во играта. Нашиот клуб ќе понуди добро осмислена патека (мапа), која два-три пати ќе се менува во текот на месецот за да се избегне монотонијата

Бидејќи може да се стави во групата адреналински или екстремни спортови, лимитот за учество треба да биде над 9 години.

Предвидено е во еден термин да играат по две екипи од по пет играчи.

25/08/2026

Претворете го следниот тим билдинг во незаборавна авантура исполнета со адреналин.
Закажете го вашиот термин во Paintball Arena Best и дознајте кој е вистинскиот шеф на теренот! 🔫

20/08/2026

Истражи ја територијата, изненади го противникот и покажи кој владее на теренот.

Закажи термин и доживеј ја акцијата! 💥🔫

15/08/2026

Собери ја екипата, заборави на досадните планови и спреми се за вистинска адреналинска акција во Paintball Arena Best! 💥

Закажи го вашиот термин и претвори го викендот во незаборавна авантура! 🔫

08/08/2026

На терен нема место за двоумење. Еден погрешен чекор или премногу чекање и веќе си надвор од игра.

Собери го друштвото, покажи тактика и преземи ја контролата над натпреварот.

Резервирај термин во Paintball Arena Best и докажи кој е главен на теренот! 💥🔫

26/05/2026

Притисокот на пушките го прилагодуваме целосно според екипата – од релаксирана игра за деца до чист адреналин за про-играчи. Соберете го тимот и резервирајте термин во порака.

18/05/2026

Време е за малку сурова вистина... Кој другар си ти во ова видео? 🤔👇

👀 The Camper – Сите одат во акција, а овој се крие зад гумите и се моли да не го забележат.
🥵 The Runner – Ликот со најмногу кондиција (и најмалку тактика). Не го држи место, ама затоа прв си оди на клупа со шарени сувенири на него.
👑 The Leader – Човекот што најмногу вика, прави планови со рацете, а обично прв го „собираат“ од спротивниот тим.

Доста се пронаоѓавте на reels, соберете ја екипата и докажете кој стварно ја води играта на терен. Резервирајте термин во порака! 💥

14/04/2026

Сакате да бидете „најкул“ родители оваа година? 😎🏆

Заборавете на класичните игротеки и истите прослави секоја година. Подарете му на вашето дете роденден за кој ќе се зборува во целото училиште! 🎂🔫

Во Arena BEST, децата се вистински херои во нивните омилени игри, а вие уживате знаејќи дека се во безбедни раце со професионална опрема и инструктори. 🛡️✨

📥 Пиши ни во ДМ за нашите роденденски пакети

06/04/2026

Заборави на гејмингот дома, дојди да видиш како изгледа вистинска тактика. 🎯🔥
Совршено за тим-билдинг, родендени или само викенд пресметка со друштвото.
Тагни го пријателот што секогаш прв "умира" во игра!

Резервирај термин во 📩ДМ или на 📞 071-754/941.

02/04/2026

Mission Objective: Capture the Flag. 🚩🎯

Имаш тактика? Имаш храброст? Имаш екипа? Тогаш те чекаме на терен. Докажи дека си број 1. 🦾

Резервирај го твојот термин веднаш во ДМ или јави се!
📞071-754/941

30/03/2026

Paintball vs. Airsoft. Кој е твојот избор? 🤔

Пиши ни во коментар што би играл со твојата екипа и веднаш ти праќаме понуда во ДМ! 📩

Address

Justinian Prvi
Skopje
1050

Telephone

+38971754941

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Paintball Arena BEST posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Paintball Arena BEST:

Shortcuts

Share