Days of Macedonian Music Festival

Days of Macedonian Music Festival Days of Macedonian Music Festival is dedicated to the performance of Macedonian and foreign contemporary music. Days of Macedonian Music, 17.3 - 8.4.2025

The festival program covers a wide range of concerts, workshops, debates and presentations.

48.

25/03/2025

„Деновите на македонска музика“ за одложуваат за наесен // The Days of Macedonian Music Festival has been postponed to September 2025

16/03/2025

Ве известуваме дека поради трагичниот пожар што се случи синоќа во Кочани - една од најголемите трагедии што ја погодија нашата земја последниве години - ги откажуваме предвидените концерти во програмата на „Деновите на македонска музика“.

Повеќе од 50 млади животи беа трагично загубени, а над 140 луѓе се повредени. Сојузот на композиторите на Македонија упатува искрено сочувство до семејствата на жртвите и им посакува брзо закрепнување на сите повредени.

Во наредните денови ќе објавиме официјално соопштение со дополнителни информации во врска со програмата на фестивалот.

Нашите мисли и молитви се со сите погодени од оваа страшна трагедија.

15/03/2025

🎼 Мапирање на спокојот – изложба на акварели на композиторката Јана Андреевска 🎨

🗓 Понеделник, 17 март 2025, 13 часот
📍 Фоаје на Филхармонија

СОКОМ и „Деновите на македонска музика“ ве покануваат на изложбата на акварели „Мапирање на спокојот“ на композиторката Jana Andreevska. Изложбата нуди ретка можност за јавноста да ја запознае Андреевска во една поинаква светлина – како уметница која, иако својата креативна енергија пред сè ја вложува во музиката, спонтано и со љубопитност истражува и во сферата на сликарството.

Изложените дела се инспирирани од природата и фотографијата, со мотиви кои доловуваат атмосфера на пејзажи и цветни композиции, и истите се создадени во периодот од 2023 до почетокот на 2025 година. Истата вечер, во рамките на свеченото отворање на фестивалот, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија ќе го изведе делото „Мандала“, што на присутните ќе им понуди уникатна можност да ги доживеат боите и звукот, како два аспекта на креативната личност на Андреевска.

Јана Андреевска (р. 1967, Скопје) e композитор, професор на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и уметнички организатор во светот на современата класична музика. Таа е првата жена-композитор во Македонија и една од меѓународно најизведуваните македонски композитори.

🔗 Повеќе за настанот 👉 bit.ly/3XQ3Wai

14/03/2025

Свечено отворање на 48. Денови на македонска музика

КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА МУЗИЧКАТА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА „Саша Николовски - Ѓумар“
Диригент: Ангел Спироски
Солисти: Мила Јаневска – сопран, Хелена Суша – сопран, Калина Христовска – перкусии

📅 Понеделник, 17 март 2025
📍 Камерна сала на Филхармонија

🎼 Програма:
📜 Стојан Стојков – „Сумерски записи“
🌀 Јана Андреевска – „Мандала“
🎭 Гоце Коларовски – „Панаѓур“
🎨 Тома Прошев – „Темпера 2“

*** Влезот е слободен.

Оваа година, свеченото отворање на фестивалот е во знакот на најмладата генерација музички уметници, кои со својата свежина и креативен потенцијал внесуваат нови звучни перспективи во изведбите на современото творештво.

Камерниот оркестар на JM Macedonia Музичка младина на Македонија комбинира класичен и современ репертоар, интерпретирајќи дела од различни епохи и стилови со висока техничка прецизност, динамичка префинетост и емотивна експресивност. Ансамблот е добитник на бројни награди и признанија за уметничкиот придонес и формирањето на нови генерации музичари, како и за промоција на македонската музичка култура на меѓународната сцена.

Концертот од диригентскиот пулт ќе го води Ангел Спироски, а како солисти ќе настапат сопраните Мила Јаневска и Хелена Суша, и перкусионистката Калина Христовска.

Придружете ни се на уште едно патување низ звучните пејзажи на македонската современа музика, и оваа пролет на ДММ.

Повеќе информации на www.sokom.mk.

🎻🎼 Ве очекуваме на 48-мото издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, во неговиот традиционален пролетен терми...
11/03/2025

🎻🎼 Ве очекуваме на 48-мото издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, во неговиот традиционален пролетен термин 🌸🎶

17 март - 24 април 2025
Скопје - Филхармонија, Национална опера и балет, Музеј на македонската борба

🎶 4̳8̳.̳ Д̳е̳н̳о̳в̳и̳ н̳а̳ м̳а̳к̳е̳д̳о̳н̳с̳к̳а̳ м̳у̳з̳и̳к̳а̳ (̳1̳7̳ м̳а̳р̳т̳ –̳ 24 а̳п̳р̳и̳л̳ 2̳0̳2̳5̳)̳ носи свеж креативен дијалог меѓу традицијата и современоста. 🎼✨ Богата програма, премиерни изведби, истакнати композитори, врвни уметници и три големи авторски јубилеи.

Фестивалот останува верен на својата мисија – афирмација на македонското музичко творештво и негово позиционирање во современиот европски контекст.

Влезот на сите настани од програмата е слободен.

🔗 Повеќе детали на www.sokom.mk

08/03/2025

4️⃣8️⃣. Денови на македонска музика

Со големо задоволство го најавуваме 48-то издание на фестивалот ❝Денови на македонска музика❞ Days of Macedonian Music Festival кое ќе понуди разновиден избор на современи дела, премиери и автори, селектирани од годинашниот куратор, композиторот Филип Иванов.

📅 𝟏𝟕 март - 𝟐𝟒 април 𝟐𝟎𝟐𝟓
📍 Скопје | Локации: Филхармонија, Музеј на македонската борба, Национална опера и балет

𝟏𝟏 концертни вечери, 𝟑𝟎 македонски композитори, 𝟑 авторски јубилеи, 𝟖 ансамбли и повеќе од 𝟑𝟎 солисти

Деновите на македонска музика повторно ќе отворат прашања за релациите меѓу локалното и глобалното, традицијата и современиот израз. Оваа симбиоза ќе биде претставена преку селектираните дела, но и преку интернационални соработки и гостувања што ја ставаат македонската современа музика во поширок контекст.

Програмата на ДММ2025 го нагласува континуираниот развој на современата композиторска мисла, притоа истакнувајќи ја нејзината динамичност и способност да се прилагоди на современите музички текови.

Автор на дизајнот: Владимир Лукаш

Следете нѐ за повеќе информации околу програмата, изведувачите и другите детали за концертите.

15/09/2024

🎶 Со задоволство го најавуваме Концертот на ПИЈАНО ДУО - Јасмина Трајческа и Ловорка Немеш Дулар во рамките на есенската сезона на фестивалот „Денови на македонска музика“.

На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од македонските композитори Томислав Зографски и Стојче Тошевски, со што ќе ги одбележиме нивните значајни јубилеи: 90 години од раѓањето на Зографски и 80 години од раѓањето на Тошевски. Програмата вклучува и дело за две пијана од словенечкиот композитор Јанез Матичич. Концертот ќе го слави богатото музичко творештво на двата региона преку длабоки и впечатливи изведби, кои ќе понудат свеж поглед на делата на овие истакнати композитори. 🎹✨

📅 Вторник, 17 септември 2024
📍 Мала сала на Филхармонија, 20 часот

#деновинамакедонскамузика #камеренконцерт #современамузика

14/09/2023

Почитувани,
Со огромно задоволство Ви ja најавуваме втората сезона на ДММ2023!!!
КОНЦЕРТ на ФИЛХАРМОНИЈА со нашите извонредни солисти Маја Кастратовиќ – пијано, Златка Митева – флејта и Владимир Лазаревски – обоа, предводени од реномираната диригентка Бисера Чадловска.

*21ви септември, четврток, 20:00ч, Македонска филхармонија!

ВЛЕЗОТ НА КОНЦЕРТОТ Е СЛОБОДЕН!!!

Address

Maksim Gorki 18
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Days of Macedonian Music Festival posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Days of Macedonian Music Festival:

Share