07/09/2026
🩸Што всушност значи една средина да биде пријателски наклонета кон менструацијата? 🩸
Прашавме 85 млади луѓе за нивните знаења, искуства и потреби поврзани со менструацијата.
Одговорите покажуваат јасен јаз: младите знаат што им е потребно за безбедно и достоинствено да се справуваат со менструацијата, но нивната секојдневна средина често не го обезбедува тоа. ❗
Пречките се материјални, како недостапни или скапи менструални производи, нечисти и несоодветни тоалети, но и општествени. Срамот, молкот, исмевањето и недостигот од разбирање сè уште го обликуваат искуството на менструирање во училиште, на факултет, на работа и во јавниот простор. Истовремено, младите бараат повеќе знаење. Само 8,2% велат дека училиштето е местото каде што научиле најмногу за менструацијата, додека интересот за теми како менструални нарушувања и ментално здравје е многу висок.
Средина која е пријателски наклонета кон менструацијата е средина во која менструацијата не е пречка за образование, работа, учество во јавниот живот или за нормално секојдневие. ❤️
И можеби токму со ова треба да почнеме: да престанеме да ја третираме менструацијата како индивидуален проблем што секој треба сам да го „менаџира“, и да почнеме да ја гледаме како прашање на пристап, грижа и достоинство. 💫
Истражувањето е спроведено во рамки на европскиот проект for Youth, кој го реализираат Tiiiit! Inc. и Period.Skopje (Северна Македонија), Règles Élémentaires (Франција), Różowa Skrzyneczka / The Pink Box Foundation (Полска), Iele-Sânziene (Романија) и BruZelle (Белгија). Проектот е кофинансиран од Европската Унија преку програмата Erasmus+.