Litera

Litera Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца и млади.

💫Секој град во себе крие безброј убави приказни вредни за раскажување. Приказни кои срамежливо се кријат и чекаат да ја ...
23/02/2026

💫Секој град во себе крие безброј убави приказни вредни за раскажување. Приказни кои срамежливо се кријат и чекаат да ја видат светлината на денот.

Литера не би била Литера ако не се впушти во уште една супер голема авантура низ која ќе ја откриеме автентичноста и убавината на македонските градови и луѓето кои живеат таму.

👉Осмото издание на Литера ќе биде магично.
Ќе патуваме, ќе откриваме приказни, ќе се дружиме на работилници, една супер голема регионална конференција и многу, многу други активности.

🎨Првпат ЛИТЕРА ќе се јави како издавач на шест нови сликовници за деца за шест наши градови.
Затоа што ЛИТЕРА е мисија! ❤
А во кои градови ќе патуваме, ќе ви откриеме наскоро!

Дизајн и илустрација на постер: Анастасија Јованова

#Литера #литературазадеца #градовиполниприказни

Ви посакуваме година исполнета со инспирација, креативност, радост и безброј нови приказни.Нека 2026 биде година на чита...
01/01/2026

Ви посакуваме година исполнета со инспирација, креативност, радост и безброј нови приказни.

Нека 2026 биде година на читање, пишување, соништа и храбри детски гласови што ја менуваат иднината 📚

Ви благодариме што сте дел од нашата заедница. Продолжуваме заедно со уште повеќе прекрасни моменти, насмевки и магија!

Среќна и успешна 2026! 💫

#Литера #МеѓународенФестивал #Млади #Деца

Со секој нов чекор што го правиме, сè појасно гледаме колку порасна Литера. Од првите идеи до денес, зад фестивалот стој...
03/12/2025

Со секој нов чекор што го правиме, сè појасно гледаме колку порасна Литера. Од првите идеи до денес, зад фестивалот стојат многу труд, визија и љубов. А кога ќе погледнеме наназад, тешко е да не се почувствуваме гордо што сме дел од тим што создава нешто вредно, нешто што вистински допира до луѓето.

Литера денес е фестивал силен по дух и по квалитет, препознаен од меѓународната заедница. А тоа само нè мотивира уште повеќе.

Ова видео е мал потсетник на еден од нашите омилени моменти, оддавањето почит на ликовниот великан Димитар Кондовски и можноста да се нурнеме во неговиот свет, да го почувствуваме неговиот визуелен јазик и да се инспирираме од неговото дело.

Во неговите многубројни илустрации за книги и во неговите цртежи за сликовници е видлива творечката радост на цртањето и сликањето. Оваа потценета (дури и денес) форма на уметничко изразување рано го привлече вниманието на Кондовски.

Тој знаеше дека уметниците можат да откријат други светови внатре во нашиот свет. И тој го побара тој волшебен свет. Работата на детски сликовници и илустрации за книги му ја дадоа можноста да ја ослободи сопствената имагинација надвор од рамките на сликата и да го напушти со правила и закони ограниченото подрачје на стварноста што ја истражува во сликарството и смело да се упати во непознатата земја на фантазијата.

Следете нè!
👉 Многу новитети се на прагот… останете со нас!

#Литера #МеѓународенФестивал #Млади #Деца

Едукативна работилница за ликовниот уметник Димитар Кондовски

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Litera posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Litera:

Share

Category