Teatar za deca i mladinci - Skopje

Teatar za deca i mladinci - Skopje Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Teatar za deca i mladinci - Skopje, Performance Art Theatre, Dimitrija Cupovski 4, Skopje.
(471)

Со посвета од легендата! ​Големиот и неповторлив Коле Ангеловски му подари примерок од својата  книга „Да живее долна ду...
10/06/2026

Со посвета од легендата!
​Големиот и неповторлив Коле Ангеловски му подари примерок од својата книга „Да живее долна дупка“ на Театарот за деца и младинци, збогатен со негова лична посвета!
​Овој гест е уште еден убав потсетник на времето кога Коле работеше претстави во ТДМ, внесувајќи го својот препознатлив хумор, жар и детска имагинација во нашиот ансамбл. Неговата посвета за нашиот театар е чест и ќе биде скапоцен дел од нашата архива.
​Голема благодарност до Коле за пријателството, за претставите и за сите насмевки што ни ги подари на сцената и надвор од неа!

08/06/2026
08/06/2026

Пред преполна сала и во автентична фестивалска атмосфера, актерската екипа на ,,Челинџ" успеа да ја освои една од најкритичните, но и најстраствените театарски публики во земјава, изнудувајќи искрени аплаузи.
​Прилепската публика, позната по својот непогрешив театарски ИНСТИНКТ, безрезервно го прифати уметничкиот предизвик што го носи ова парче.

07/06/2026

„Челинџ“ пристигнува во Прилеп! 🎭✊️
​ Вечерва, нашиот ансамбл гостува на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ со младинската претстава која никого не остава рамнодушен.
​Во време кога ретко и вистински ги слушаме младите, „Челинџ“ (автор и режија на Јане Спасиќ) гласно проговорува за нивните внатрешни борби, притисоци, врсничко насилство и лавиринтот од тишина што возрасните често го создаваат. Совршено вклопена во овогодинешното фестивалско мото „Храбриот нов театар“, оваа претстава е огледало на нашето општество.
​📍 НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп
⏰ Вечерва (07.06) во 19:00 часот
🔞 Возраст: 12+
​Прилепска публико, ве очекуваме заедно да ја скршиме тишината! 🤍
​ #ТеатарЗаДецаИМладинци #ТДМ #Челинџ #ВојданЧернодрински #МТФ60 #ХрабриотНовТеатар #МакедонскиТеатар #Прилеп

07/06/2026

Оваа награда не е крај, дава уште поттик и делото не завршува со награда, сѐ додека има сцена, публика, деца […]

06/06/2026

Достоинствена и емотивна вечер сведочеше синоќа публиката во гледалиштето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и целата македонска нација преку дир...

06/06/2026

Постојат луѓе чија визија ги надминува рамките на времето во кое творат.
Нашиот Чадиковски е токму тоа — визионер кој сонуваше за театар посветен на најмладите, човек кој со својата упорност, љубов и децениска посветеност ги удри темелите на Театарот за деца и младинци.
​Благодарение на неговиот пионерски дух, ТДМ стана дом на безброј детски насмевки, инспирација за генерации млади креативци и врвна институција која со децении ја негува театарската уметност на највисоко ниво.
​Оваа награда не е само признание за минатиот труд, туку и вечен патоказ за сите нас како се сака, се гради и се чува театарот.
​✨ Од сè срце му ја честитаме наградата на нашиот основоположник! Неговата трага е неизбришлива, а неговото дело продолжува да живее низ секоја нова претстава и секое кревање на завесата. ✨
​Честитки, г-дин Чадиковски! Нашата сцена засекогаш ќе го носи Вашиот потпис. ❤️👏
​ #ЉубомирЧадиковски #НаградаЗаЖивотноДело #Основоположник #ТеатарЗаДецаИМладинци #ТДМ #Кулутра #Театар

🎭 Неделата во Театарот за деца и младинци започнува со еколошката авантура „Цветната улица“, продолжува со топлата прика...
31/05/2026

🎭 Неделата во Театарот за деца и младинци започнува со еколошката авантура „Цветната улица“, продолжува со топлата приказна за пријателството во „Тоби“ и разиграната фантазија на „Гига мега бајка“, а ја заокружуваме со „Челинџ“ – претстава што оваа година ќе гостува на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Ве очекуваме да ја споделиме магијата на театарот, исполнета со смеа, емоции и важни пораки за сите. ✨🎭🌿

🎟️ Повеќе детали за репертоарот 👉 tdm.mk

🎭 Јуни во Театарот за деца и младинци носи приказни за другарство, фантазија, храброст и грижа за светот околу нас. На р...
31/05/2026

🎭 Јуни во Театарот за деца и младинци носи приказни за другарство, фантазија, храброст и грижа за светот околу нас. На репертоарот се познатите претстави: „Цветната улица“, „Тоби“, „Гига мега бајка“ и „Челинџ“, која ќе гостува на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а месецот го заокружуваме со премиерата на новата претстава „Патот на Баба Јага“ на 24 јуни и нејзината прва репризна изведба веќе следниот ден, на 25 јуни. Дојдете да тргнеме заедно на патување исполнето со магија, авантура и важни пораки за прифаќањето на различностите, храброста да бидеме свои и грижата за светот што го делиме. ✨

🌿 Што се случува кога еден принц ќе сфати дека не сака да биде крал? „Патот на Баба Јага“ е духовита и возбудлива приказна за храброста да бидеме свои, дури и кога се плашиме дека другите нема да нè разберат. Низ средби со необични ликови, магични суштества и една сосема поинаква Баба Јага, младите гледачи ќе откријат дека работите ретко се онакви какви што изгледаат на прв поглед и дека во секој од нас се крие еден цел свет. Ве очекуваме! 🪄

🎟️ Повеќе детали за репертоарот 👉 tdm.mk
📍 Театар за деца и младинци – местото каде што приказните оживуваат. ✨

Address

Dimitrija Cupovski 4
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Teatar za deca i mladinci - Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Teatar za deca i mladinci - Skopje:

Share