18/08/2026
Сликарски перформанс: Кристина Таневска × Салпе
🎨 19.08.2026 🎨 среда 🎨 20:00 часот 🎨
Овој месец, во Лабораториум, го отвораме просторот за една поинаква уметничка резиденција.
🖌️ Во рамки на проектот „Нови Лица“, Кристина Таневска ќе создава мурал директно на подот на терасата во Лаб, низ три перформативни сесии.
💡Првата сесија е утре вечер, во соработка со Салпе, кој ќе ја преземе улогата на музички ментор и соработник. Темпото, ритамот и мелодијата ќе го водат движењето на Кристина, а нејзините гестови ќе го претвораат звукот во форма и боја.
Идејата е делото да се развива низ движењето на телото, учеството на публиката и во во согласност со надворешните фактори.
🪪 Кристина Таневска е визуелен уметник која работи во полето помеѓу сликарството, цртежот и перформансот. Во својата практика ги истражува односите помеѓу телото, просторот и гестот, комбинирајќи го искуството од вајарството со сликарскиот медиум.
Иницијативата „Нови лица“, е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.