Ребис е професионално танцово и аеробик студио, со најдолга традиција во границите на нашата земја. Во текот на нашето триесет и две годишно постоење кај нас минале илјадници деца, млади и возрасни лица, со и без претходно искуство, почетници и идни професионалци. Денес, некои од нашите први членови се професионални танчери кои ги учат нашите нови членови, некои ги носат своите деца кај нас, некои
се едни од најпознатите и најуспешните танчери, кореографи, актери, балерини, спортисти, а некои пак, се занимаваат со сосема различни професии, но до ден денес ја оддржуваат својата форма во нашите простории.
Балетско студио Ребис врши уписи на нови членови од сите возрасти. Часови по, модерен и современ балет, како и акро танц, а наскоро повторно и фит аеробик, пилатес и зумба.
Часовите се раководени од професионални инструктори и педагози, кои имаат завршено висока школа од таа област.
Часовите се одржуваат во целосно опремен простор, вклучувајќи сала, гардероба и тоалети, со сите потребни реквизити и опрема за вежбање.
Сите наши инструктори, како и основачите на студиото, се учени, професионални танчери, со познавање од методологијата и педагогијата за работа со групи на деца, млади и возрасни лица. Постојано работиме на понатамошно обучување и усовршување, како на нашите вработени, така и на самото студио.
Од почетничката група за деца од 3-6 години, до групата за професионалци кои понатаму го продолжуваат своето образование на некој од факултетите за сценски уметности во нашата држава, а и во Европа и САД, сите членови на почетокот на своето членување се запишуваат во група која одговара како на нивната возраст, така и на нивното претходно искуство. Поради ограничениот број на членови во групите, напредокот на секој од членовите се следи постојано и индивидуално - па постепеното префрлање во повисоки групи завршува со станување на дел од професионалната група - група која понатаму, откако ќе покаже извoнреден труд, редовност, дисциплинираност и талент, добива можност да настапува на концерти, натпревари, ТВ-емисии и манифестации.