Nacionalna opera i balet - National Opera & Ballet

Nacionalna opera i balet - National Opera & Ballet Официјална страница на Facebook на НУ Национална опера и балет, Р. Северна Македонија 🇲🇰
(239)

Доколку сакате да посетите некоја наша оперска или балетска претстава, да добиете дополнителни информации или распоред на претстави, Ве молиме контактирајте ja билетарницата на Националната опера и балет.

Работно време:
понеделник - сабота од 10:00 – 20:00 ч.
Пауза: 14:30 - 15:30 ч.


Билетарница / Ticket Office 02 3118 451; 078 426 536
Онлајн / online: www.operabalet.mk

15/07/2026

Во ноември со операта „Набуко“ гостуваме на Крит, во копродукција со уметници од Атина. До крајот на годината следуваат европски турнеи со „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, а веќе ја подготвуваме и европската турнеја на „Травијата“ следната година.

🎺Оркестарот на МОБ, вчеравечер, настапи на свеченото отворање на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, во Античкиот...
13/07/2026

🎺Оркестарот на МОБ, вчеравечер, настапи на свеченото отворање на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид!

Благодарност за поканата и за уште една незаборавна музичка вечер.❤️

10/07/2026

Денес, нашите турнеи веќе се препознаени и поддржани од европските партнери. Така ја промовираме македонската уметност, носиме нови можности за нашите уметници и докажуваме дека квалитетот заслужува да биде ценет.

🎺Оркестарот на МОБ ќе настапи на 12 јули во Античкиот театар во Охрид на свеченото отворање на 66. издание на фестивалот...
10/07/2026

🎺Оркестарот на МОБ ќе настапи на 12 јули во Античкиот театар во Охрид на свеченото отворање на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Им посакуваме успешен настап и уште една незаборавна музичка вечер.❤️

На свеченото отворање на 66. Охридско лето, Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на маестро Марко Боеми,…

09/07/2026

🇮🇹 Македонскиот балет со голем успех се претстави пред публиката во Фиренца со балетската претстава „Кармина Бурана“, во кореографија на Rafael Carriço и Cláudia Martins.

Гостувањето беше проследено со одличен прием од публиката и медиумско внимание, а прилозите на TGR и Rai News се уште една потврда за значењето на ваквите меѓународни културни соработки.

🎻На свеченото отворање на 66. Охридско лето, Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на маестр...
08/07/2026

🎻На свеченото отворање на 66. Охридско лето, Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на маестро Марко Боеми, ќе приреди вечер исполнета со безвременски ремек-дела од Понкиели, Чилеа, Џордано, Пучини, Сен-Санс, Гуно и Масне. Програмата ги обединува најубавите оперски арии, дуети и оркестарски страници, носејќи ја публиката низ светот на љубовта, страста и драмата, во духот на едно од најзначајните културни случувања во регионот:
https://ohridskoleto.com.mk/%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8/svecheno-otvorane-na-ohridsko-leto-2026-opera-gala-konczert-nasloven-lubov/

Ви благодариме за довербата, поддршката и убавите зборови. Вашите впечатоци се најголемата мотивација за сите уметници и...
07/07/2026

Ви благодариме за довербата, поддршката и убавите зборови. Вашите впечатоци се најголемата мотивација за сите уметници и вработени во Македонската опера и балет. ❤️

06/07/2026

Некогаш бевме непознати, денес сме препознатливи. 🌍🎭

Секоја европска турнеја е нова потврда за нашиот квалитет. Кога по секоја изведба следи нова покана, знаеме дека Македонската опера и балет заслужено го гради своето место на европската културна сцена.

03/07/2026

🎻🎺Оркестарот на МОБ ќе настапи на свеченото отворање на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

🌟Учество на отворањето на овој реномиран фестивал претставува големо признание и потврда за уметничкиот квалитет на нашиот оркестар.

Им посакуваме успешен настап и уште една незаборавна музичка вечер.❤️

02/07/2026

Завесата се спушта на уште една незаборавна сезона, исполнета со емоции, аплаузи и моменти што ќе останат во сеќавање. ✨

Фоајето на МОБ повторно беше место каде што се сретнаа уметноста, публиката и инспирацијата. Со благодарност за секој посетител и секој заеднички миг, со нетрпение ја очекуваме новата сезона.

Address

БУлица Гоце Делчев бр. 4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 20:00
Tuesday 10:00 - 20:00
Wednesday 10:00 - 20:00
Thursday 10:00 - 20:00
Friday 10:00 - 20:00

Telephone

+38975332376

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nacionalna opera i balet - National Opera & Ballet posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Nacionalna opera i balet - National Opera & Ballet:

Shortcuts

Share

Category