02/09/2026
Дали си студент по моден дизајн и сакаш да ја покажеш својата креативност?
Пријави се на „Нослива приказна“ – дводневен моден маратон, кој ќе се одржи на 3 и 4 октомври, од 09:30 до 17:00 часот, во Public Room.
Учесниците ќе работат во тимови од 3 лица на однапред зададена тема, со задача да сошијат модел и преку рачно сликање на текстил да го претворат во уникатно носливо уметничко дело.
Менторка на маратонот е уметницата Жани Гелевска, која ќе ги води учесниците низ креативниот процес и техниките на сликање на текстил. Катерина Тошева ќе обезбеди техничка поддршка во процесот на кроење и шиење, помагајќи им на тимовите при реализацијата на нивните модели.
Најдобриот дизајн ќе биде претставен на Моден викенд Скопје во октомври.
📌 Бројот на тимови е ограничен.
Пријавувањето е отворено до 13 септември на : https://forms.gle/tidrGDL2cwXAPVHe9
Сите одбрани учесници ќе бидат контактирани до 16 септември.
Активноста е дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост" во имплементација на Dobredojde Macedonia Welcome Centre и Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија, Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија