21/06/2026
На првиот ден од летото, се потсетуваме на нашиот пролетен фестивал и ги разгледуваме фотографиите од прошетката низ Скопје со гостите на 6. Скопски поетски фестивал! ☺️
Настаните се секогаш значајни, но многу често во срцата и во сеќавањата ни остануваат моментите помеѓу сите случувања каде имаме прилика да се запознаеме едни со други и да си раскажеме приказни. На оваа прошетка го правевме токму тоа, им го претставивме градот за да можат поубаво да го доживеат 🥰
Попатно поминавме и во Градскиот парк каде се одржуваше базар организиран од Europe House - Скопје каде нашите пријатели Култура ß имаа свој штанд и каде гостинките од Црна Гора потпишаа неколку примероци од книгата со нивните преведени песни.
📸: Теодор Тасевски (pho_teo_grapher)
#скопскипоетскифестивал