Platform Beatrix

Platform Beatrix A platform for professional development in dance.

Турнеја:05.09.2023 / Кино Фросина - Младински Културен Центер06.09.2023 / НУ Центар за култура Битола07.09.2023 / НУ “Тр...
05/09/2023

Турнеја:

05.09.2023 / Кино Фросина - Младински Културен Центер
06.09.2023 / НУ Центар за култура Битола
07.09.2023 / НУ “Трајко Прокопиев“ Куманово



Картите за сите настани се достапни на врата, а картите за Скопје се достапни и во линкот во нашето био.

Are you excited?This Tuesday, at 20:00h we will perform the third, and last premiere of the project Tanz.Transformator, ...
03/09/2023

Are you excited?

This Tuesday, at 20:00h we will perform the third, and last premiere of the project Tanz.Transformator, in choreography of Karine Ponties and performed by Nadja Lukanovska, Tereza Lazarev, Bisera Dimcheva, Eva Dzingova, Ivana Balabanova, Elena Stojkoska & Teodora Ezhovska.

Check the event in bio and join us in this beautiful journey!

The project is supported by the Embassy of Switzerland and the Swiss Agency for Culture and Cooperation.

Introducing the dancers!Dancer: Tereza LazarevTopic: Gender equality in the performance artsДали во вашиот професионален...
02/09/2023

Introducing the dancers!

Dancer: Tereza Lazarev
Topic: Gender equality in the performance arts

Дали во вашиот професионален круг на делување чувствувате диспаритет во можностите и квалитетот на можности кои се достапни за различните родови? И дали сте доживеале ситуација во која како жена сте се почувствувале дискриминирани, но, и дали сте биле сведок на ситуација во која мажите биле дискриминирани на одреден начин?
- Дискриминирано се имам почувствувано многу пати, каде не се земало во предвид квалитет на еден танчар туку потреба од машко тело. Да си жена во ова машка средина значи да носиш некоја борба во себе која јас ја чуствувам секој ден. Тоа на некој начин ме тера да чуствувам грижа за сите други жени кои се бават со некаква перформативна уметност и мислам дека само заедно и со голема верба можеме да искреираѓе подобари услови за сите нас.

Introducing the dancers!Dancer: Bisera DimchevaTopic: Gender equality in the performance artsДали во вашиот професионале...
02/09/2023

Introducing the dancers!

Dancer: Bisera Dimcheva
Topic: Gender equality in the performance arts

Дали во вашиот професионален круг на делување чувствувате диспаритет во можностите и квалитетот на можности кои се достапни за различните родови?
- Ставот дека постои разлика во професионалните можности за мажи и жени во танцовата уметност е присутен и денес, а сум го почувствувала и на своја кожа. Застапеноста во помал број и физичките (атлетски) способности на мажите се предуслов тие да имаат пристап до повеќе работни прилики. Од друга страна, многубројноста на жената во оваа професија ја прави полесно заменлива и нажалост злоупотребувана, и многу често резултира со недостаток на почит кон посветеноста и трудот што се вложува во уметничкиот занает.

Дали сте доживеале ситуација во која како жена сте се почувствувале дискриминирани, но, и дали сте биле сведок на ситуација во која мажите биле дискриминирани на одреден начин?
- Во досегашното танцово искуство, не сум почувствувала дискриминација врз основа на фактот дека сум жена.
Сепак, бев сведок на ситуација во која колега танчар уживаше огромен број на работни понуди во перформативниот и комерцијалниот сектор. Тоа се должеше на неговиот талент и делумно шарм, но без постојана работна навика и дисциплина, која што ја имаа некои девојки во истото опкружување, а ги немаа истите можности. Ваквите примери се многу честа појава во светот на танцот. Од друга страна, во традицијата на класичниот балет, голема важност се дава на главната женска улога, додека "главната" машка улога е всушност споредна, со цел да ја поддржува женската. Во тој смисол, секогаш постојат две страни на истиот лист.
Од една поинаква и посветла перспектива, би сакала да потенцирам дека многу од револуционерните придонеси во танцот се заслуга на различни женски фигури кои се вреднувани за нивните дела во улога на изведувач, педагог, кореограф. Важно е да сме свесни за условите, можностите и ограничувањата во танцот како професија и активно да придонесуваме за подобрување на истите. Фокусот да биде на создавање и негување на она што е уметнички вредно и навистина квалитетно, за да се поттикне понатамошниот развој на перформативната уметност.

Introducing the dancers!Dancer: Teodora EzhovskaTopic: Gender equality in the performance artsДали во вашиот професионал...
02/09/2023

Introducing the dancers!

Dancer: Teodora Ezhovska
Topic: Gender equality in the performance arts

Дали во вашиот професионален круг на делување чувствувате диспаритет во можностите и квалитетот на можности кои се достапни за различните родови?
- Секако кога станува збор за тела во танцот, се разгледува визијата на машко и женско тело, па одтаму поаѓа и самата поделба. Од секогаш кај нас сме имаме поинакво согледување за тоа да се биде машко во танцот, па и од таму произлегува нивниот мал број, што после тоа следбено резултира со согледување на таа слика со укажување на повеке можности или пак гостување на други танчери од странство. Но зависност од секоја продукција и нејзините потреби од број и вид на танчери.

Дали сте доживеале ситуација во која како жена сте се почувствувале дискриминирани, но, и дали сте биле сведок на ситуација во која мажите биле дискриминирани на одреден начин?
- Според мое мислење, не сме ни свесни дека причинуваме или сме сведоци на дискриминација, затоа што природно ги прифаќаме како последица на тоа во кои услови живееме. Секако дека има на дневна база се случуваат и кон мажите и кон жените. Причината и ефектот се поголеми и потекнуваат од друго место, не само од прашањето за родова дискриминација.

Introducing the dancers!Dancer: Eva DzingovaTopic: Gender equality in the performance artsДали во вашиот професионален к...
02/09/2023

Introducing the dancers!

Dancer: Eva Dzingova
Topic: Gender equality in the performance arts

Дали во вашиот професионален круг на делување чувствувате диспаритет во можностите и квалитетот на можности кои се достапни за различните родови?
- Танцовата уметност манифестира прогресивн развој, кој не ја одминува родовата нееднаквост. За жал, можностите за еден танчер и нивниот квалитет, се филтрираат низ условот на неговата половата/родовата припадност. Да се биде танчер во машки род, во општеството во кое живеам претставува „културно богатство“ кое добива предност независно од квалитетот и квантитетот на танцовата способност на самиот танчер. Нееднаквоста бележи помали можности за кариерен развој на многу жени, уметници кои секојдневно се справуваат со дискриминација поради нивната полова припадност. Многу танчери кои се идентификуваат како мажи ја злоупотребуваат работната етика користејќи ја привилегијата да се биде маж во една танцова компанија. Привилегијата подразбира дека мажите се малкубројни и технички без доволен кворум за замена и на тој начин го заштитуваат своето работно место. Во споредба со мажите, работното место наа жените е секогаш подлежно на закани за замена или казна и поради тоа многубројноста на танчерите жени е злоупотребена.

Дали сте доживеале ситуација во која како жена сте се почувствувале дискриминирани, но, и дали сте биле сведок на ситуација во која мажите биле дискриминирани на одреден начин?
- Во општеството во кое живееме и твориме опстојува и една друга паралела на родовата нееднаквост во кој мажите се оние кои се дискриминирани поради одбирање на „женска“ професија, односно танцот во било која форма. Моето искуство во полето на танцовата уметност покажува многу ситуации кои сведочат за дискриминацијата на мажите. Некои од нив имаат убав крај но дел од нив се само уништени соништа поради ниска општествена интелигенција. Булингот во воспитно образовните инситуции е причина за дискриминацијата за која сведочат моите искуства. Многу често притисокот од врсниците е посилен од талентот на едно машко дете.

Introducing the dancers!Dancer: Elena StojkoskaTopic: Gender equality in the performing artsДали во вашиот професионален...
02/09/2023

Introducing the dancers!

Dancer: Elena Stojkoska
Topic: Gender equality in the performing arts

Дали во вашиот професионален круг на делување чувствувате диспаритет во можностите и квалитетот на можности кои се достапни за различните родови?
- Конкретно во Македонија, бројката на машки танчари е многу помала од онаа на жените. Поради тоа, се случува одреден танчар да е избран за проект само затоа што се бара машко, а не поради квалитетите кои се потребни.

Дали сте доживеале ситуација во која како жена сте се почувствувале дискриминирани, но, и дали сте биле сведок на ситуација во која мажите биле дискриминирани на одреден начин?
- Сум била сведок на булинг кон машки танчари, најчесто во училиштата. Сметам дека тоа се случува поради недостаток н едукација.

Introducing the dancers!Dancer: Nadja LukanovskaTopic: Gender equality in the performing artsДали во вашиот професионале...
02/09/2023

Introducing the dancers!

Dancer: Nadja Lukanovska
Topic: Gender equality in the performing arts

Дали во вашиот професионален круг на делување чувствувате диспаритет во можностите и квалитетот на можности кои се достапни за различните родови?
- Во мојот професионален круг постои диспаритет во можностите, со тоа што машките единки, иако се значајно помалку во професијата (во мојата заедница), се присутни на сите проекти и настапи, додека кај женските единки има голем избор и со тоа, секоја од нив како единка има помалку можности. Но, квалитет на можностите сметам дека е отприлика ист.

Дали сте доживеале ситуација во која како жена сте се почувствувале дискриминирани, но, и дали сте биле сведок на ситуација во која мажите биле дискриминирани на одреден начин?
- Пред неколку години бев на аудиција во Брисел. На таа аудиција бевме 100 луѓе од кои 90 беа женски, а 10 беа машки. На крајот универзитетот бира само 10 луѓе. Во мојот случај беа избрани 4 женски и 6 машки. Додека траеше аудицијата, имавме можност да ги гледаме сите, и можам да кажам дека навистина имаше многу квалитетни женски танчари кои не беа одбрани, додека некои од машките танчари беа одбрани само поради нивниот физикус и пол. Секако дека и мажите се дискриминирани во танцовата професија, но тие се дискриминирани од надвор, односно од луѓе со предрасуди кои најчесто немаат поврзна точка со танц и уметност. Жените се дискриминирани од самата танцова професија, од луѓето со кои што работат со нив, од организаторите на самите проекти, па дури и меѓу нив (на пр. женски кореограф прави продукција, и иако за парчето се пријавени 20 женски и 2 машки, парчето ќе биде со 3 женски и 2 машки).

Address

North Macedonia
Skopje
1000

Website

https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1298

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Platform Beatrix posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share