24/09/2023
Имаме чест и задоволство да ја најавиме македонската премиера на нашиот краток филм ‚‚АКО НЕМАШЕ НЕБО‚‚ во режија на Бранко Попчевски, со маестралниот Ѓорѓи Јолевски во главната улога и Елизабета Клинчаревска во споредната улога. Честа е уште поголема што после успешното фестивалско претставување ширум светот со десетина официјални селекции и неколку награди на реномирани меѓународни филмски фестивали, македонската премиера ќе се случи токму на фестивалот Манаки како најстар фестивал на филмската камера во светот. Ги покануваме сите пријатели и вљубеници во филмската уметност кои се во можност да присуствуваат, да ја проследат премиерата која ќе се случи на 28ми септември во кино Манаки во Битола со почеток од 21ч.