12/06/2026
Независниот театар Штрих ја отвори офф програмата на фестивалот.
На Сцената 105 при ЦК „ Марко Цепенков“ започна оф програмата на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“. Прва прикажана претстава беше „Вилицата на Ибен Бајерс“. Работена по текст на српскиот автор и драматург Филип Грујиќ, а во режија на Борис Василески.
Изведбата на „Вилицата на Ибен Бајерс“ низ постдрамски текст со фокус на плејбој кој се соочува со сопствените постапки, опасни и по него и по општеството, е коментар за страдањата на современиот човек.
„Филип Грујиќ пишува на еден доста специфичен начин, каде што нема запирки, точки и каде што нема големи букви и сл. На некој начин е како во стихови , како одреден тек на мисла. Тоа ни беше голем предизвик“, рече Борис Василески - режисер на претставата.
Претставата го покажа талентот и посветеноста на нашиот театарски подмладок.
На четвртиот ден на 60. Македонски театарски фестивал „ Војдан Чернодрински“, се одржа трибина на тема „ Театарот и општеството“, со фокус на ангажираниот театар. ....