04/09/2026
💥 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ.
35 ГОДИНИ СЛОБОДА.
А НИЕ СЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕМЕ ШТО ДА ПРАВИМЕ СО НЕА.
2 Mothers Brothers & 2 Cousins
Специјално сатирично кабаре по повод 35 години независност на Македонија.
Една вечер. Четворица комичари.
Политика, секојдневие, македонски менталитет, нашите успеси, нашите неуспеси и сето она за кое обично велиме: „Ќе биде“.
Само што овојпат нема да биде.
Ќе се смееме на државата, на системот, на политиката, на нас самите и на реалноста во која живееме.
Не е свечена академија.
Не е политички митинг.
Не е протест.
Ова е кабаре.
2 Mothers Brothers & 2 Cousins
Специјално сатирично кабаре по повод 35 години независност на Македонија.
13.09.2026 (недела)
JAZZ INN
Почеток: 20:00 часот.
Билет: 500 денари
Билети на: 075 283 066
Онлајн: hahaha.mk
35 години независност.
Ајде барем една вечер да бидеме независни од сериозноста.