06/04/2026
Почитувани, денеска по покана на Книжевниот кружок "Васил Иљоски" на гости ни беше најчитаниот современ македонски автор за деца и тинејџери Горјан Петревски. Како дел од активностите за настанот под организација на ООУ "Никола Карев" Крушево и професорките по македонски јазик Маја Митева Петроска и Александра Ангелеска се оддржа час по македонски јазик со ученици од VIII и IX одделение на кој во присуство на авторот се обработуваше лектирата Марта. Целиот настан беше исполнет со многи емоции, дискусии и прашања од страна на креативните ученици до познатиот писател.
Исто така како дел од активностите беше реализирана средба на авторот со дел од членовите на книжевниот кружок на која беше разговарано за многубројните авторски идеи и спомени како неминовна креативна инспирација за сите создадени дела кои ги задоволуваат сите љубопитни читатели на сите возрасти, особено помладата публика.
Овој пристап на интеракција помеѓу автор-читател е доста корисна и инспиративна, а во иднина тоа ќе ни биде поттик за повеќе идни и успешни книжевни средби и настани.