24/09/2024
Ако си љубител на уметноста, модата, филмот и рачната изработка – оваа работилница е за тебе!
Придружи ни се на нашата работилница каде што младата и талентирана дизајнерка, која е на пат да ја лансира својата прва линија на накит, ќе го сподели своето искуство, очекувања, предизвици, стравови и инспирации.
Ова е неповторлива можност да влезеш во „Филмот на креативноста“ и да научиш како се раѓа еден дизајн од идеја до реализација.
Во текот на работилницата, ќе можеш да создадеш свое сопствено, уникатно парче накит под менторство на нашата дизајнерка.
Гледај како твојот „филм“ се претвора во моден додаток кој ќе те потсеќа дека „твојот филм е најважен“...
Министерство за култура / Ministria e Kulturës
mk
International Cinematographers’ Film Festival MANAKI BROTHERS