10/10/2025
Ве покануваме на СВЕЧЕНОТО ЗАТВОРАЊЕ, вечерва, во 20.00 часот во Офицерскиот Дом на Битола, каде извонредниот пијанист со светско реноме Џанлука Луизи ќе ни ја донесе целата убавина и раскош на италијанската уметност. Префинета музикалност, феноменална техника, длабоки и страсни емоции, тоа е Луизи. Со волшепството на поетот на пијаното Фредерик Шопен, чија музика доаѓа од чудата на космосот, од неговите „имагинативните простори“, за да допре до срцата на секој слушател со неговите Балади, Скерцо, Валцери, Полонеза.
Довидување до Јубилејниот 35-ти Интерфест- Битола во 2026.