20/05/2026
Публиката на Женски Земјотрес 🌺 беа токму луѓето поради кои вакви настани имаат смисла.
Тие не дојдоа по инерција, ниту затоа што „нешто се случува во градот“. Не бараа ни гратиси. Ниту дојдоа да бидат видени.
Беа на Женски земјотрес 🌺 затоа што препознаваат авторска музика, независна сцена и артисти што сѐ уште ризикуваат да бидат свои.
Во време на copy-paste забава, на цутењето на cover bands комфорот и алгоритамскиот вкус на создавање на музика, токму таа публика пред сцената е убав потсетник дека алтернативната култура никогаш нема да прифати компромис.
Во време кога сцената сѐ почесто се сведува на безбедна забава, cover бендови и музика создадена да помине лесно и брзо, Женски ЗЕМЈОТРЕС собра публика што сѐ уште бара авторски израз, ризик и идентитет.
Ѝ благодариме на публиката.
Бескрајно..
Дојде од почеток и буквално остана до крај на овој 4 и пол часовен концерт.
Слушаа, реагираа, влегоа во атмосферата и му дадоа смисла на целиот тој мал underground универзум во Пациото.
И можеби токму таму беше најважната работа вечерта,
доказ дека независната сцена во Македонија сѐ уште има свои луѓе.
Женски ЗЕМЈОТРЕС Битола • фестивал на свежа домашна музика е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд@heartefact_mkd
Локални партнери и МИДС Битола
фотографка | Кети Талевска Бакревска