Ponder

Ponder Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Ponder, Performing Arts, Bitola.

И оваа година по повод 8 Март .mk  .kadar и .biblioteka со здружени сили организираме повеќедневна фестивалска офанзива ...
22/02/2026

И оваа година по повод 8 Март .mk .kadar и .biblioteka со здружени сили организираме повеќедневна фестивалска офанзива посветена на женското творештво. 🔥🌹

6 настани, 5 сцени, многу музика, филмови, книги, другарства и соработки, следете нè деновиве за детална програма. 🏵❤️‍🔥

caledonia (UK) // 10. мај (сабота) // Porta JazzПосле одличната чаршиска вечер на .festival во петокот, продолжуваме ова...
04/05/2025

caledonia (UK) // 10. мај (сабота) // Porta Jazz

После одличната чаршиска вечер на .festival во петокот, продолжуваме оваа сабота во со добри гости од Велика Британија 💙

е нова сила која се издига од алтернативната сцена на југоистокот на Велика Британија, спојувајќи ја меланхоличната горчина на слоу-кор жанрот со острата, агресивна енергија на современиот британски пост-панк. Инспирирани од бендови како Duster, Horse Jumper of Love, Slint и My Bloody Valentine, нивната музика е спој на интроспективна емотивност и суров интензитет. Најскоро имаат издадено две нови песни ('Headaches' и 'Wilted Rose'), од нивниот нов EP 'Palette of June', кој ќе ја имаме привилегијата да го слушнеме во живо оваа сабота во Битола 🥰

Се гледаме! 🌌

Дизајн на плакат: 🎨

Во овие тешки моменти на тага и гнев, цврсто веруваме дека правилниот чекор е солидарност, заедништво и споделување на б...
27/03/2025

Во овие тешки моменти на тага и гнев, цврсто веруваме дека правилниот чекор е солидарност, заедништво и споделување на болката, а не осаменост и изолација, па затоа, одлучивме закажаниот концерт на all-girl инди-пост-рок-шугејз триото ŽEN од Хрватска да го одржиме како ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА СОЛИДАРНОСТ со жртвите на трагедијата во Кочани. ❤️‍🩹

На 1. април (вторник) во малата сала при Центарот за Култура Битола, ќе настапат ŽEN - аудиовизуелен колектив од Загреб, Хрватска, составен од три девојки чија музика лебди на работ меѓу реалното и хипнотичното, создавајќи звучни пејсажи кои го преплавуваат слушателот со чувство на безграничност, топлина и хармонија. 🍃
Во нивното 15 годишно постоење како бенд, зад себе оставаат 4 студиски албуми и многу фестивалски и клупски концерти низ целиот свет.

Влезот ќе биде доброволна донација која потоа директно ќе ја донираме на семејствата на жртвите преку платформата 👈

Дојдете и донирајте, солидарноста и заемната помош нè одржуваат во живот. 🖤

Вториот дел од неделната програма е посветен на битолските независни културни иницијативи. 🕊Преку овој отворен ден низ н...
11/10/2024

Вториот дел од неделната програма е посветен на битолските независни културни иницијативи. 🕊

Преку овој отворен ден низ неформален муабет ќе можете да се запознаете со нашето работење, како функционираме, а исто така, ако сте заинтересирани, потенцијално би можеле да се вклучите во некоја од иницијативите, на независниот културен фронт секогаш им се потребни нови доброволци во борбата за слободна култура! 🚀

Со љубов,mk .kadar .biblioteka
💖

Почнуваме со објавување на програмата за завршниот ден од офанзивата 🌟Првиот настан во недела е посветен на книгите, со ...
11/10/2024

Почнуваме со објавување на програмата за завршниот ден од офанзивата 🌟

Првиот настан во недела е посветен на книгите, со промоцијата на збирката поезија „Ајде уште еднаш“ на нашиот Бојан Станиќ! Книгата е издадена од во април годинава, и конечно ќе има своја промоција во Битола 🎉 На настанот книгата ќе може да се набави по цена од 150 денари.

За збирката, Хана Корнети напиша: „Постоење и прашина, политичка ангажираност и искреност, знаење и незнаење, романтика и баналност, љубов и очај, заедништво и осаменост, идеали и реалност се дел од контрастите што сите ги имаме интернализирано, а Станиќ умешно ги спојува за да нè потсети дека и ние самите се наоѓаме во просторот помеѓу крајностите. Нè потсетува за тешкотијата на тоа да сме свесни за состојбата во која е светот, а истовремено да се бориме да не ги заборавиме убавините што прават сето ова да вреди.“ ✨️

Покрај тоа, низ целиот ден во недела ќе има штанд со книгите на нашата бесплатна .biblioteka, па дојдете и проверете ги насловите кои ги нудиме! 📚

Се гледаме! 💝

Известување за сите верни поддржувачи на независната сцена кои планираат да ги посетат двата концерти викендов: вечерва ...
10/10/2024

Известување за сите верни поддржувачи на независната сцена кои планираат да ги посетат двата концерти викендов: вечерва на врата во Радост ќе може да се набави комбо-билет за двата концерти по промотивна цена од само 300 денари. 💞

Секако, не ве забораваме сите оние кои веќе сте купиле билет за вечерашниот концерт, па така со доплата од 100 денари можете да добиете добиете карта и за сабота. 💫

Благодариме за поддршката и се гледаме вечер на свирка!

Од 10 до 13 октомври, петте независни битолски културно-партизански одреди, Пондер, Metal Discharge Crew, Контра кадар, ...
02/10/2024

Од 10 до 13 октомври, петте независни битолски културно-партизански одреди, Пондер, Metal Discharge Crew, Контра кадар, Контра библиотека и Слога ви најавуваат четиридневна културно-ослободителна офанзива, програма полна со музика, филмови и книги, одбележувајќи го 11 октомври, денот на почетокот на борбата против фашистичкиот окупатор. ❤️✊️

Сите настани ќе се случуваат во Радост, а вие останете на (борбената) линија и следете ги поединечните профили на иницијативите за нивните агенди и акции. ☎️ 💣

31. јули (среда) // 21:00 // Радост // Влез: 150 ден.mk x .music 💖На 31. јули во среда ни доаѓа еден навистина специјале...
27/07/2024

31. јули (среда) // 21:00 // Радост // Влез: 150 ден.
mk x .music 💖

На 31. јули во среда ни доаѓа еден навистина специјален гостин Франција - пијанистот и челист ✨️🎹 🎻

Како самоук мултиинструменталист и љубител на класичната, електронската и минималистичката музика, тој се движи од едноставност до епичност, поврзувајќи се со романтизмот и импресионизмот од XVIII и XIX век. Неговата музика нуди бегство од бучавата на секојдневниот живот, потсетувајќи на Филип Глас, Макс Рихтер, Јохан Јохансен и Стив Рајх, спојувајќи класични теми со електронски ритми. 💫

Покрај музичкиот дел, со огромна радост најавуваме дека на настанот ќе биде поставена изложба на врвната битолска уметница, Симона Мирчевска. Покрај тоа што е магистер по архитектура, Симона активно слика и нејзините дела се поставени на голем број самостојни и групни изложби. 🖼

Во нејзините апстракции се испреплетуваат темите на природата, чувствувањето и слоевитоста на искуствата, каде, потопувајќи го платното со живи бои и навидум случајни, но секогаш намерни форми и линии, Симона го шири хоризонтот на вообичаеното сфаќање на зборот пејсаж, и што сѐ може да се побуди со движење на четката. 🖌

Овој концерт е во соработка со нашите добри пријатели од платформата .music, кои ќе го снимаат концертот во целост. 📹

Се гледаме во Радост!

Први мај помина, а вечерва во Радост покрај промоцијата на Спитсанието ќе имаме концерт на два одлични артисти од Србија...
02/05/2024

Први мај помина, а вечерва во Радост покрај промоцијата на Спитсанието ќе имаме концерт на два одлични артисти од Србија.⚡️

Disaster-jazz составот Џезболах од Србија ќе се претстави со нивната френетична мултисензорна импров офанзива на нашите сетила, создавајќи PTSD какофонија на секој кој ќе се приближи на нивната фронтовска линија. 🪖

Пред нив со свој сет ќе настапи WoО, сонлив електронски микро-поп соло проект на Вукашин Џелиќ, каде семплери, синтисајзери и ритам машини ќе ве одведат на лелеаво патување низ мирни мориња и универзуми. ☁️

Свирката ќе започне во 21:00, промоцијата на Спитсанието од 19:00, се гледаме вечер!

2. мај (четврток) 19:00 - 00:00 // РадостПромоција на првото СПИТСАНИЕ на  и концерт на  и WoO од Србија // изложба/виде...
28/04/2024

2. мај (четврток) 19:00 - 00:00 // Радост

Промоција на првото СПИТСАНИЕ на и концерт на и WoO од Србија // изложба/видео инсталација на архивски материјали // DJ support:

Со огромна радост објавуваме дека во четврток ќе го промовираме првото СПИТСАНИЕ на највозбудливата македонска инстаграм дигитална архива како деветто PonderBooks издание. ⚗️

Спитсанието продира во најдлабоките понори на македонската подземна историја, ископувајќи артефакти и костури на нашето (неретко гаднo) минато. 🩻

Комбинирајќи архивски материјали со фиктивни приказни и современи адаптации на носталгични наративи, Спитсанието е уникатен прозорец кон едно загубено време, временска капсула на запрашеното и заборавеното. 🗝

Покрај тоа, вечерта ќе имаме концерт на два одлични артисти од Србија.⚡️

Disaster-jazz составот Џезболах од Србија ќе се претстави со нивната френетична мултисензорна импров офанзива на нашите сетила, создавајќи PTSD какофонија на секој кој ќе се приближи на нивната фронтовска линија. 🪖

Пред нив со свој сет ќе настапи WoО, сонлив електронски микро-поп соло проект на Вукашин Џелиќ, каде семплери, синтисајзери и ритам машини ќе ве одведат на лелеаво патување низ мирни мориња и универзуми. ☁️

Покрај промоцијата и концертот, на настанот ќе има и изложени архивски материјали од Made of Spit архивата, како и видео инсталација. 📜

Како DJ поддршка за настанот го имаме нашиот локален BerryQyat. 🎛

Address

Bitola

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ponder posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share