18/02/2026
ЗДРУЖЕНИЕ НА МУЗИЧКИ ТЕОРЕТИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА
МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР „МИХАЈЛО НИКОЛОВСКИ“ Битола
од 17 – 18 април 2026 година.
Натпреварот ќе се одржи во следните категории:
ТЕОРИЈА НА МУЗИКАТА
За ОСНОВНИТЕ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА
VI девет годишно, IV шест годишно, I и II три годишно, одделение
Тест кој ќе трае 60 минути во кого ќе има прашања кои бараат краток и недвосмислен одговор. Областите од кои ќе се проверува знаењето се:
Основни поими, звук и тон, ноти, линиски систем
Музички симболи, клучеви, имиња на тоновите
Тонски систем во сите октави
Нотни вредности и паузи
Знаци за продолжување на траењето
Едноставни и сложени тактови
Лак, точка, корона
Интервали
Скали
VII девет годишно, V шест годишно, одделение
Тест кој ќе трае 60 минути во кого ќе има прашања кои бараат краток и недвосмислен одговор. Областите од кои ќе се проверува знаењето се:
Такт
Сложени и нерамноделни тактови
Неправилни тонски групи
Скали – Квинтен круг
Интервали
Дијатонски и хроматски цел и полустепен
Енхармонски тонови
Динамика
VIII девет годишно, одделение
Тест кој ќе трае 60 минути во кого ќе има прашања кои бараат краток и недвосмислен одговор. Областите од кои ќе се проверува знаењето се:
Нерамноделни Тактови
Сите скали
Хроматски скали
Акорди и превртувања
Темпо - динамика
IX девет годишно, VI шест годишно, III три годишно, одделение
Тест кој ќе трае 80 минути во кого ќе има прашања кои бараат краток и недвосмислен одговор. Областите од кои ќе се проверува знаењето се:
Интервали и акорди (сите форми на тризвуци и четиризвуци)
Тетрахорди и скали
Многустраност на дурски или молски квинтакорд
Ритам (на пр: да се одреди ритамот во пример испишан без тактици, замав, предтакт, терминологија и сл.).
I клас од средните музички училишта.
Тест кој ќе трае 40 минути во кого ќе има прашања кои бараат краток и недвосмислен одговор. Областите од кои ќе се проверува знаењето се:
Интервали и акорди (сите форми на тризвуци и четиризвуци)
Тетрахорди и скали
Многустраност на дурски или молски квинтакорд
Ритам (на пр: да се одреди ритамот во пример испишан без тактици, замав, предтакт, терминологија и сл.).
Барањата по теорија на музиката за сите категории ќе бидат во согласност со програмите предвидени за годината или класот што го посетува ученикот.
ХАРМОНИЈА
За II, III и IV клас од средните музички училишта.
За хармонија I (II клас)
Хармонизација на зададен сопран
Дешифрирање на хармонизирана (четиригласно) задача
Задачите ќе бидат хармонизирани со употреба на главните тризвуци во сите форми (квинтакорди, секстакорди и квартсекстакорди). Време за изработка на писмената 90 минути.
За хармонија II (III клас)
Хармонизација на зададен сопран
Дешифрирање на хармонизирана (четиригласно) задача
Задачите да бидат хармонизирани со употреба на сите дијатонски тризвуци и четиризвуци во сите форми, како и D9, со употреба на дијатонски модулации со исклучок на модулациите од 3 и 4 група. Време за изработка на писмената 100 минути.
За хармонија III (IV клас)
Хармонизација на зададен сопран
Дешифрирање на хармонизирана задача
Задачите да бидат хармонизирани со употреба на сите алтерирани акорди (од дијатонски и од хроматски тип).
Време за изработка на писмената 120 минути.
За студенти од факултетите за музичка уметност
- Хармонизација на зададен сопран
Задачите ќе бидат хармонизирани со употреба на алтерирани акорди од дијатонски и хроматски тип, вонтонални доминанти, хроматска терцна и квинта сродност, наполитански секстакорд. Хроматски модулации со наведените типови на акорди. Време за изработка на писмената 120 минути
КОНТРАПУНКТ
За средните музички училишта.
Вокален контрапункт:
На однапред осмислен и зададен флоридус, кој мора да има најмалку 9 такта да се испише контрапункт во слободен двоглас.
Верс во слободен двоглас врз зададена тема и потпишување на зададен текст. Време за изработка 90 минути.
Инструментален контрапункт:
Да се изработи прв дел од двогласна инвенција на зададена тема. Да се одговори на однапред зададени прашања за анализа на една од тригласните фуги на Ј. С. Бах од ДТК и двете збирки. Време за изработка 120 минути.
За студенти од факултетите за музичка уметност
Изработка на експозиција на тригласна фуга на зададена тема. Време за изработка 120 минути.
МУЗИЧКИ ФОРМИ
За средните музички училишта.
Тест кој во себе содржи теоретски прашања, како и аналитички прашања за конкретно зададена форма.
За учениците од III клас, да се анализира Сложена триделна форма, а за учениците од IV клас Рондо или Сонатна форма. Теоретските прашања да се во согласност со програмите предвидени за класот што го посетува ученикот. Време за изработка на тестот 90 минути.
За студенти од факултетите за музичка уметност
Тест кој во себе содржи теоретски прашања, како и аналитички прашања за сложена триделна форма на зададена композиција за симфониски оркестар.
СОЛФЕЖ
За ОСНОВНИТЕ МУЗИЧКИ УЧИЛИШТА
I и II одделение, девет годишно
Мелодиски диктат: Во C– дур од 8 такта, постапно движење во половини, четвртини и осмини ноти, во 2/4 такт.
Мелодиска вежба: прима виста во С – дур, скалично и терцно движење, со сите елементи на диктатот.
Слушна анализа: препознавање на тонови во С – дур, скалично, терцно движење во половини, четвтини и осмини ноти.
I и II одделение, шест годишно
Мелодиски диктат: Во C– дур од 8 такта, постапно движење во половини, четвтини и осмини ноти, во 2/4 такт.
Мелодиска вежба:прима виста во дурска или молска скала со 1 предзнак. Мелодика - скалично и терцно движење. Ритмика – дводелна поделба, пунктиран ритам, синкопа.
Слушна анализа: препознавање и запишување на тонови во С – дур
I и II одделение, три годишно
Мелодиски диктат: Во С – дур до 8 такта. Пунктиран ритам, синкопа, дводелна поделба.
Мелодиска вежба: прима виста во дурска или молска скала до 2 предзнака од 10 до 12 такта, четириделна поделба.
Слушна анализа: Препознавање и запишување на интервали по големина.
III одделение, девет годишно
Мелодиски диктат: Во C– дур од 8 такта, постапно и терцно движење во половини, четвртини и осмини ноти, во 2/4 и 3/4 такт.
Мелодиска вежба: прима виста во G – дур, скалично и терцно движење, со сите елементи на диктатот.
Слушна анализа, препознавање на тонови во G – дур, .
III одделение, шест годишно
Мелодиски диктат: Во дурска или молска скал до 1 предзнак од 8 до 10 такта. Мелодика – скалично терцно и квинтно движење. Ритмика – дводелна поделба, пунктиран ритам, синкопа.
Мелодиска вежба:во дурска или молска скала до 3 предзнака до 12 такта. Мелодика – скок на главните стапала. Ритмика – дводелна и четириделна поделба, синкопа, пунктиран ритам и триола.
Слушна анализа: Препознавање и шифрирање на интервали по големина и вид до квинта.
III одделение, три годишно
Мелодиски диктат: Во дурска или молска скала до 2 предзнака од 8 до 10 такта, Дводелна и троделна поделба
Мелодиска вежба: прима виста во дурска или молска скала до 4 предзнака
Слушна анализа: Препознавање и запишување на интервали по вид и големина
IV одделение, девет годишно
Мелодиски диктат: Во дурска скала до 1 предзнак до 8 такта, скалично, терцно и квинтно движење во половини, четвтини и осмини ноти. Ритмички елементи - пунктирани ноти, синкопа.
Мелодиска вежба:прима виста во дурска или молска скала до 1 предзнак, Мелодика – скок до квинта, Ритмички елементи - сите елементи на диктатот и четириделна поделба.
Слушна анализа: Слушање и запишување на тонови во дурска скала до 1 предзнак.
IV одделение, шест годишно
Мелодиски диктат: Во дурска или молска скал до 2 предзнака од 8 до 10 такта. Мелодика – скалично терцно и квинтно движење. Ритмика – дводелна поделба, пунктиран ритам, синкопа и триола.
Мелодиска вежба:во дурска или молска скала до 3 предзнака до 12 такта. Мелодика – скок на главните стапала. Ритмика – дводелна и четириделна поделба, синкопа, пунктиран ритам и триола.
Слушна анализа: Препознавање и шифрирање на интервали по големина и вид до октава без разрешување
V одделение, девет годишно
Мелодиски диктат:Во дурска или молска скала до 1 предзнак до 8 такта, скалично, терцно и квинтно движење во половини, четвтини и осмини ноти. Ритмички елементи – пунктирани ноти, синкопа.
Мелодиска вежба: прима виста во дурска или молска скала до 2 предзнака, Мелодика – скок до квинта, Ритмички елементи - сите елементи на диктатот и четириделна поделба.
Слушна анализа: Слушање и запишување на тонови во дурска скала до 2 предзнак.
V одделение, шест годишно
Мелодиски диктат: Во дурска или молска скала до 3 предзнака од 10 до 12 такта, со сите елементи. Мелодика – скок до октава. Ритмика – дводелна и четириделна поделба, синкопа, пунктиран ритам и триола.
Мелодиска вежба:прима виста до 4 предзнака до 16 такта со сите елементи од диктатот.
Слушна анализа: Препознавање и шифрирање на интервали по големина и вид до октава со разрешување
VI одделение, девет годишно
Мелодиски диктат: Во дурска или молска скала до 2 предзнака од 8 до 10 такта. Мелодика - скалично терцно и квинтно движење во половини, четвртини и осмини ноти. Ритмика - пунктирани ноти, синкопа, триола.
Мелодиска вежба:во дурска или молска скала до 3 предзнака, до 12 такта. Со сите елементи на диктатот и четириделна поделба.
Слушна анализа: Препознавање и шифрирање на интервали до октава,
Парлато: бас клуч со сите елементи кои ги содржи мелодиската вежба.
VI одделение, шест годишно
Мелодиски диктат:Во дурска или молска скала до 3 предзнака од 10 до 12 такта, со сите елементи. Мелодика – скок до октава. Мелодиска вежба:прима виста до 4 предзнака до 16 такта со сите елементи.
Мелодиска вежба:во дурска или молска скала до 4 предзнака, до 16 такта; Мелодика - скокови до октава и алтерирано IV стапало; Ритмика – со сите елементи и троделна поделба на тактот (3/8,6/8 такт).
Слушна анализа: Препознавање и шифрирање на квинтакорди
Парлато: бас клуч со сите елементи кои ги содржи мелодиската вежба
VII одделение, девет годишно
Мелодиски диктат: во дурска или молска скала до 3 предзнака од 8 до 10 такта. Мелодика – скок до октава; Ритмика - со сите елементи и четириделна поделба.
Мелодиска вежба: во дурска или молска скала до 3 предзнака, до 12 такта. Со сите елементи на диктатот и четириделна поделба,
Слушна анализа: Препознавање и шифрирање на интервали до октава (со разрешување на зголемена кварта и намалена квинта)
Парлато: бас клуч со сите елементи кои ги содржи мелодиската вежба.
VIII одделение, девет годишно
Мелодиски диктат: во дурска или молска скала до 3 предзнака од 8 до 12 такта, зависно од метарот. Мелодика - со сите елементи скок до октава. Ритмика – со сите елементи
Мелодиска вежба: во дурска или молска скала до 4 предзнака, до 16 такта; Мелодика - скокови до октава; Ритмика – со сите елементи
Слушна анализа: Препознавање и шифрирање на квинтакорди,
Парлато: бас клуч со сите елементи кои ги содржи мелодиската вежба
IX одделение, девет годишно
Мелодиска диктат: во дурска или молска скала до 3 предзнака од 8 до 12 такта, зависно од метарот. Мелодика - со сите елементи скок до октава. Ритмика – со сите елементи.
Мелодиска вежба:во дурска или молска скала до 4 предзнака, до 16 такта; Мелодика - скокови до октава и алтерирано IV стапало; Ритмика – со сите елементи и троделна поделба на тактот (3/8,6/8 такт).
Слушна анализа: Препознавање и шифрирање на квинтакорди,
Парлато: бас клуч со сите елементи кои ги содржи мелодиската вежба
За I, II, III и IV клас од средните музички училишта.
I Клас
Мелодиски диктат (од 8 до 16 такта).
Скали: дурска или молска;
Предзнаци: до 2;
Такт: четвртина нота основна мерна единица;
Ритам: сите комбинации на четириделната поделба на мерната единица;
Мелодија: терцни, квартни и квинтни скокови.
Интонација (слушање и препознавање)
Да се слушаат и препознаваат сите интервали до октава, зголемена кварта и намалена квинта со разрешување;
Сите квинтакорди во основна форма.
Мелодиска вежба – прима виста.
Скали: дурска или молска;
Предзнаци: до 2;
Должина: не поголема од 16 такта;
Ритам: ист како диктатот;
Мелодија: сите интервали.
Парлато вежба
Клуч: бас;
Мелодија: скокови до квинта.
II Клас
Мелодиски диктат (од 8 до 16 такта).
Скали: дурска или молска;
Предзнаци: до 4;
Такт: четвртина, осмина нота основна мерна единица;
Ритам: сите комбинации на четириделната поделба на мерната единица;
Мелодија: сите интервалли.
Интонација (слушање и препознавање)
Сите видови о форми на тризвуци (квинтакорди, секстакорди и квартсекстакорди);
Мелодиска вежба – прима виста.
Скали: дурска или молска;
Предзнаци: до 4;
Должина: не поголема од 16 такта;
Ритам: ист како диктатот;
Мелодија: сите интервали.
Парлато вежба
Такт: 6/8, 9/8
Клуч: бас;
Мелодија: сите интервали
III Клас
Мелодиски диктат (од 8 до 16 такта).
Скали: дурска или молска;
Предзнаци: до 4;
Такт: четвртина нота основна мерна единица;
Ритам: сите комбинации на четириделната поделба на мерната единица, дуола, триола;
Мелодија: сите интервалли; алтерации.
Интонација (слушање и препознавање)
Сите видови о форми на тризвуци (квинтакорди, секстакорди и квартсекстакорди);
Доминантниот септакорд со сите превртувања.
Мелодиска вежба – прима виста.
Скали: дурска или молска;
Предзнаци: до 4;
Должина: не поголема од 16 такта;
Ритам: ист како диктатот;
Мелодија: сите интервали.
Парлато вежба
Такт: сите видови;
Клуч: без ознака за клуч;
Мелодија: сите интервали;
Темпо: со конкретна ознака.
IV Клас
Мелодиски диктат (од 8 до 16 такта).
Скали: дурска или молска;
Предзнаци: до 4;
Такт: четвртина нота основна мерна единица;
Ритам: сите комбинации на четириделната поделба на мерната единица, дуола, триола;
Мелодија: сите интервалли; алтерации; дијатонска модулација (паралелни и едно квинтно сродство).
Интонација (слушање и препознавање)
Сите видови о форми на тризвуци (квинтакорди, секстакорди и квартсекстакорди);
Доминантниот септакорд со сите превртувања;
Сите видови на септакорди во основна форма.
Мелодиска вежба – прима виста.
Скали: дурска или молска;
Предзнаци: до 4;
Должина: не поголема од 16 такта;
Ритам: ист како диктатот;
Мелодија: сите интервали.
Парлато вежба
Такт: комбинација со нерамноделни сложени тактови; со промена на метарот;
Клуч: без ознака за клуч;
Мелодија: сите интервали;
Темпо: со конкретна ознака.
Рокот за поднесување на пријавите е 07.04.2026 на адресата: ЗДРУЖЕНИЕ НА МУЗИЧКИ ТЕОРЕТИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА Бул. 1-ви Мај бр. 110 7000 Битола.
Заедно со пријавата натпреварувачите доставуваат и доказ за уплатена аконтација во износ од 1.500,00 ден. на жиро сметка 200002485012146 СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ. ЕДБ 4002012529152 (повикување на број).
За кандидатите кои не се од Македонија аконтацијата изнесува 30 евра, 40 евра за две категории, 50 евра за три категории, а уплата се врши откако ќе пристигнат во Битола.
Ако натпреварувачот се откажи, аконтацијата не се враќа.
На натпреварувачите се доделуваат Дипломи за освоено I, II и III награда, а на останатите учесници Пофалници за учество на натпреварот.
Натпреварувачите сами ги сносат трошоците за пат и сместување во Битола.
Ако ученикот или студентот се натпреварува во повеќе категории потребно е да се испратат за секоја категорија пријава со уплата на аконтација за секоја од категориите. Износот на аконтацијата се намалува на следниот начин: За две категории, потребно е да се уплати за едната 1.500,00 ден, а за втората категорија 750,00 ден. (вкупно 2.250,00 ден.) Ако кандидатот се натпреварува во три категории тогаш за една износот изнесува 1.500,00 ден, а за останатите две по 750,00 ден. (вкупно 3.000,00 ден).
Во секоја дисциплина, по предлог на жирито, ќе биде доделена награда за најдобриот кандидат од 100 евра (во денарска пртив вредност) а за менторот 50 евра.
Натпреварот ќе се одвива во просториите на ДРЖАВНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ – Битола (Нов објект на ул. Димитар Илиевски Мурато).
Повеќе информации на телефонот 078/ 451904 В. Пецаковски или 075/ 414344 . Г. Трајковска, email: [email protected]