01/07/2026
Да, видеото е создадено со помош на АИ, реализирано од мојот другарХристијан Петковиќ Hristian Petkovik . Но, пред секој пиксел, секое движење и секој кадар, постои идеја. А идејата доаѓа од моите оригинални платна.
Јас и Христијан живееме во свет на милион, милијарда идеи. АИ за нас не е краток пат, туку алатка што ни помага да ги видиме нашите соништа во движење, пред да станат реалност.
Денес создаваме со имагинација, пријателство и технологија. Утре, се надеваме, ќе имаме можност и средства да ги реализираме овие визии до крај — онака како што навистина ги замислуваме.
Уметноста отсекогаш започнувала со една идеја. Ние само ја пуштивме да полета🤘 П.С. во коментар се оригиналните платна од циклусот Play your own game 2017 , едното платно е во Остен галерија а другото во Долап кафе -Скопје!