17/10/2025
Жирито на 33-от Интернационален фестивал на аматерскиот (непрофесионален ) документарен филм „Камера 300“, во состав: Благојче Божиновски -Претседател од Р.С.Македонија и членовите Вон. проф. м-р Гоце Господиновски од Р.Северна Македонија -член, Проф. Д-р Антон Антонов од Р Бугарија-член, Аликвијади Восду од Р.Грција–член и Диме Талевски од Р.Северна Македонија, од 15-19.10.2025 год. ги прегледаа сите 28 пристигнати филмови и ја донесоа следната:
О Д Л У К А
Член 1
Во официјална конкуренција од вкупно 28 филмови, жирито одлучи да бидат прикажани 12 филмови во 2 официјални проекции.
Член 2
Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот и пропозициите,, жирито ги додели следните награди:
GRAN PRIX наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се доделува на филмот „МАЈЧИНСКИ ИНСТИНКТИ“ на авторот Ема Зафировска од Велика Британија.
„ЗЛАТНА КАМЕРА 300“ за филмот „ТРИ МАНАСТИРСКИ ЦРКВИ..“ од авторот Валентина Андреиќ од Р.Северна Македонија.
„СРЕБРЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „МЕФИСТО“ на авторот Ервин Спренге од Австрија
„БРОНЗЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „ЗОРАТА ВО ЊУ ЈОРК“ од авторите Фригман Мејс & М.Торес од Германија.
СРЕБРЕН МЕДАЛ НА UNICA му се доделува на филмот „МАКРАМЕ“ од авторот Надица Петковиќ од Р.Северна Македонија.
ПЛАКЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАЈДОБРА КАМЕРА на авторот Франц Моге од Словенија, за филмот „ КЛУКАЈДРВЦИ“.
ПЛАКЕТА ЗА РЕЖИЈА „ДРАГИ САВЕВСКИ“ на авторите Миогжен Исуф, Апостол Фанев и Красимир Георгиев од Бугарија за филмот „ДОМОТ“.
ПЛАКЕТА ЗА МОНТАЖА на авторите Апостол Фанев, Николај Мајеров, Красимир Георгиев и Апостол Христов од Бугарија, за филмот „УМЕТНИКОТ“.
ПЛАКЕТА ЗА ИДЕЈА „СТЕВО СИДОВСКИ- СИДО“ на авторите Драган Белински, Драго Лариновиќ и Југослав Латиновиќ Србија, за филмот „ТИХОВАЊЕ“.
ПЛАКЕТА ЗА РЕПОРТАЖА на авторот Љупчо Паункоски од Р.Северна Македонија за филмот „ОХРИДСКИТЕ ПЛИВАЧКИ ЛЕГЕНДИ- АТИНА БОЈАЏИ“.
Член 3
Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-плакети:
На авторот Ноела Нечкоска од Р.Северна Македонија за филмот „РЕАЛНА НАУКА- СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ“ за млад автор.
На авторот Љупчо Ристески од Р.С.Македонија за филмот „ИЛЕ ГО ИСТРАЖУВА СТАРИОТ АПАРАТ ХИЕВ, за трајни вредности
19.10.2025 год. ЖИРИ КОМИСИЈА: Битола
1. Благојче Божиновски - Претседател
2. Вон. проф.м-р. Гоце Господиновски–Член 3. Проф. Д-р.Антон Антонов – Член
4. Аликвиадис Восду -Член
5. Диме Талевски – Член