09/02/2026
Националната платформа „Ѕвезда фестивал“ го најавува новиот циклус на детски музички фестивали „Ѕвезда 2026“ со два отворени конкурси. Фестивалот ќе се одржи во Струмица, Радовиш, Штип, Кочани и Делчево!
Со цел да откриеме нови музички таленти и да го збогатиме македонското детско музичко творештво, објавуваме повик за:
КОНКУРС ЗА СОЛИСТИ: Ги повикуваме децата на возраст од 6 до 14 години, кои сакаат да пеат и да настапуваат, да се пријават. Учесниците добиваат професионална подготовка, настап на голема сцена и можност да станат дел од нашиот фестивалски караван кој ќе патува низ повеќе градови во Македонија. Пријавувањето е отворено до 1 март 2026 година.
Котизацијата за учество е 23 000 денари БЕЗ СКРИЕНИ и ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ во која учесниците добиваат комплетна авторска песна и видео од нивниот настап обработено од видео едитор за свој потреби и своја промоција!
🎶 КОНКУРС ЗА АВТОРИ: Ги повикуваме сите автори (композитори, текстописци, аранжери) да испратат свои оригинални, необјавени детски песни, соодветни за возраст од 5 до 14 години. Секоја избрана песна ќе биде дел од фестивалот и наградена со авторски надомест од 10.000 денари. Крајниот рок за пријавување е 28 февруари 2026 година.
Ги охрабруваме сите млади таленти и креативни автори да се пријават и да станат дел од најубавата детска музичка приказна.
За повеќе детали и пријавување, посетете ги нашите официјални канали на социјалните мрежи Фб: Ѕвезда Фестивал Струмица, Ѕвезда Фестивал Штип, Ѕвезда Фестивал Радовиш, Ѕвезда Фестивал Кочани, Ѕвезда Фестивал Делчево.
✨може да се пријавите на нашата веб страна: https://zvezdafest.org/
🫵за солисти: https://docs.google.com/.../1FAIpQLSfW.../viewform
✍️за автори: https://docs.google.com/.../1XYJzJQEyH3IcKd30.../viewform...
📬може да не контактирате на фан страната
☎️или на телефон: 070615566
#ЅВЕЗДА #ЅвездаФестивал2026 #НовиЅвезди #Конкурс #ДетскаМузика