16/07/2026
По покана на рускиот амбасадор во нашата земја, г. Дмитриј Зиков, денес имавме чест да оствариме средба на која разговаравме за нашето учество на фестивалот Kolyada-Plays, освоената награда и за значењето на културната размена и меѓународната промоција на македонската уметност.
Особено сме благодарни за искреното внимание, поддршката и укажаната чест, како и за благодарницата што ја добивме како признание за нашиот успех. Ваквите моменти ни се поттик да продолжиме уште посветено да создаваме и достојно да ја претставуваме македонската театарска сцена надвор од границите на нашата земја.
Од срце благодариме за оваа чест и доверба.
Посольство России в Северной Македонии/Амбасада на Русија во Сев.Македонија