Археологија на сегашноста

Археологија на сегашноста Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Археологија на сегашноста, Visual Arts, Skopje.

Што ќе откријат идните генерации кога ќе копаат низ остатоците од нашето време? Дали ќе најдат споменици на човечката генијалност или фрагменти од занемарување на животната средина? Ова е интердисциплинарен уметнички и еколошки проект.

Временска машина пронајдена во месноста Центар, Скопско. Период: антропоцен.
04/07/2026

Временска машина пронајдена во месноста Центар, Скопско. Период: антропоцен.

07/05/2026

Благодарам Призма!

Изложбата „Археологија на сегашноста“ ја затвораме со работилница: Во текот на целата недела, посетителите имаа можност ...
07/05/2026

Изложбата „Археологија на сегашноста“ ја затвораме со работилница: Во текот на целата недела, посетителите имаа можност да остават парчиња личен отпад. По соодветно чистење и дезинфекција, истите ќе ги употребиме за нови дела!

📍 08 мај, Културен центар Јадро, 19.00 - 21.00

Создај свој артефакт на сегашноста - влези во улогата на археолог од иднината и раскажи ја приказната за денешницата. Претходно творечко искуство не е потребно, само желба за истраѓување и љубопитност!

Имаме уште слободни места, пријава тука:
https://forms.gle/qruYAiJgZwWSSvjNA

05/05/2026
Ви благодарам на сите што бевте присутни на отворањето! ✨ Оние кои не успеаа да дојдат, а сакаат да ја посетат изложбата...
05/05/2026

Ви благодарам на сите што бевте присутни на отворањето! ✨ Оние кои не успеаа да дојдат, а сакаат да ја посетат изложбата, просторот е отворен секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, а ако сте на работа, во среда на 06 мај, од 18.00 до 20.00 ќе бидам во да си позборуваме и размениме идеи!

Отворена е пријавата за петок, 08 мај за завршната работилница со која ќе го заокружиме настанот, каде ќе може да создадете свој артефакт на сегашноста. Работилницата е отворена за сите возрасти, пријавата е задолжителна поради ограничен број. Ве очекувам во порака! 🫶

Благодарам Лице в лице 🙌
30/04/2026

Благодарам Лице в лице 🙌

Што ќе најдат идните генерации кога ќе почнат да ги истражуваат трагите од нашето време? Одговорот на ова прашање го бара уметничко-еколошкиот проект

Ве чекам во понеделник 04 мај во 20.00 часот во Јадро да ја продлабочиме темата!
30/04/2026

Ве чекам во понеделник 04 мај во 20.00 часот во Јадро да ја продлабочиме темата!

Последиците од загадувањето и прекумерната потрошувачка стануваат сè повидливи, па еколошката свест не е веќе избор, туку неопходност. Грижата за животната средин...

ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА: 04 МАЈ | 20.00 | КСП ЦЕНТАР - ЈАДРО„Археологија на сегашноста“ е истражувачки уметнички и еколошки пр...
23/04/2026

ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА: 04 МАЈ | 20.00 | КСП ЦЕНТАР - ЈАДРО

„Археологија на сегашноста“ е истражувачки уметнички и еколошки проект што во својот центар го поставува прашањето: Што ќе откријат идните генерации кога ќе копаат низ остатоците од нашето време?

Во периодот јули–октомври 2025, беа посетени 15 локации низ Македонија кои претставуваат значајно културно и природно наследство. Од овие места беа собрани парчиња отпад, често игнорирани или невидливи за посетителите, кои станаа основен материјал за изработка на скулптуроидни асемблажи. Секое дело ја раскажува приказната за локацијата од која потекнува, откривајќи ги нејзините еколошки, социјални и историски слоеви.

Секој „артефакт на сегашноста“ бара од вас да размислите: Што кажува ова за нас? Какво наследство оставаме зад себе? Преку делата, имате можност да ја дознаете приказната за местото на кое се собрани материјалите (од антички населби до национални паркови и речни крајбрежјa), како и нивното влијание врз животната средина. Оваа двослојна наративна структура ве поканува во подлабоко искуство: да го разгледате уникатното патување на секој артефакт, но и да размислите за улогата што секој од нас ја игра во обликувањето на културната меморија и наследство.

Изложбата не завршува со гледање, туку со учество: ќе биде затворена со работилница за уметност од отпад, каде сите заинтересирани ќе имаат можност и самите да создаваат артефакти на сегашноста, продолжувајќи ја приказната.
На отворањето на изложбата ќе присуствува специјален гостин – Катерина Илијовска од Yes for Less – првата македонска платформа за одржливо живеење, а ќе бидат изложени и фотографии од документирање на процесот на создавање од објективот на Нина Величковска.

Изложбата ќе биде поставена до 08 мај.
Пријава за завршната работилница: https://forms.gle/8M88Dx9TwuEinuwdA

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Археологија на сегашноста posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category