02/06/2026
///English in comments///
⭐ Амам интернационала – под куполите — перформативен патопис и колективна изведба на замислување на Синиша Илиќ и Бојан Ѓорѓев. ⭐
Во соработка со: Биљана Тануровска-Ќулавковски, Роналд Панза, Анила Кабаши, Ана Миљаниќ, Драгана Јововиќ, Арес Шпорта и Катарина Поповиќ
07.06.2026 | 19:00
пред остатоците од поранешниот Ѓулчилер/Шенѓул амам (веднаш до Куршумли ан)
слободен влез
Амам интернационала нè води низ просторите на балканските амами, во потрага по заборавени или потиснати наративи на заедништво. Под куполите на амамите, каде што приватното и јавното се сретнувале низ пареата и влагата, се испреплетувале различни општествени слоеви, религии и секојдневни политики, создавајќи неформални простори на дијалог и урбан живот.
Куполите на амамите се препознатлив архитектонски и симболички елемент што го дефинира односот помеѓу јавното и приватното, а нивното исчезнување во урнатините означува прекин на формите на општественост што овозможувале заедничко искуство. Во таа насока, предлагаме колективна перформативна изградба на купола, преку која симболично се обновува просторот на средба и грижа. Со овој гест, учесниците ја рекореографираат идејата за амамот како простор на општествена имагинација, каде што односот меѓу архитектурата, телото и заедницата повторно се кореографира како отворена рамка за колективно искуство.
Прочитај повеќе: https://wp.me/p9Jen5-23Q
Амам интернационала – под куполите се реализира во рамки на Програмата за финансиска поддршка на граѓански организации (FSTP) што ја спроведува Агенцијата за локална демократија (LDA) во Суботица, во соработка со фондацијата „Нови Сад – Европска престолнина на културата“, координатор на проектот District of Reconciliation, кофинансиран од Европската Унија преку Програмата за граѓанско општество и медиуми за Западен Балкан IPA III; Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за демократија“ што го спроведува Хартефакт Фонд и проектот „Поттикнување одржливи партнерства и дијалог: Уметничка и културна соработка меѓу Косово и Србија“, финансиран од Европската Унија.
#ППф2026
Heartefact Fund
Министерство за култура / Ministria e Kulturës