11/08/2026
Уште едно издание на Флипбук е зад нас, а филмовите што оставија најсилен впечаток кај нашите жирија сега продолжуваат понатаму по своите фестивалски патишта. 🎬
Флипбук расте од година во година, а особено нè радува што годинава во Скопје пречекавме голем број автори, филмски професионалци и гости од цела Европа, додека истовремено гледаме дека и домашната публика станува сè побројна на проекциите, разговорите, изложбите и сите оние доцновечерни фестивалски средби посветени на анимацијата.
Од главната и студентската конкуренција, преку анидок и анимираните музички видеа, до новата BoomBar програма за млада публика, годинашното издание донесе навистина разновидна селекција, силни авторски гласови и прекрасна фестивалска атмосфера.
Можеби за време на фестивалот бевме малку потивки на социјалните мрежи-главно затоа што бевме премногу зафатени да го живееме фестивалот. Но имаме многу што да споделиме, па во следните денови ќе објавуваме фотографии, моменти и дел од атмосферата од годинашниот Флипбук.
За почеток, Трн објави текст за наградените филмови на седмото издание на Флипбук Филм Фестивал. Ви благодариме за вниманието и за следењето на фестивалот!
Седмото издание на Флипбук Филм Фестивал беше поддржано од Агенцијата за филм на Македонија, Градот Скопје, организацијата Еко-свест и Кинотеката на Македонија.