29/06/2016
Се одржа третата летна креативна работилница за Тимска работа и неформално образование во ИНФО СЕГА
На оваа креативна работилница учествуваа 26 деца од сите основни училишта во Прилеп.
Децата преку игра, смеа и забава се запознаа со термините формално и неформално образование но исто така научија што е тимска работа. Работилницата ја одржаа Анда од Романија и Миранда од Америка со помош на локални волонтери од ИНФО СЕГА кои спроведоа серија на игри и енерџајзери со цел да објаснат што значи тимската работа.
Го покануваме и вашето дете да се приклучи во наредната летна креативна работилница наредната недела .
Пријавување на телефон: 070 – 396 - 088