Galichnik Film Festival

Galichnik Film Festival Galichnik Film Festival offers unique cinema experience, an open air cinema at an altitude of 1500m.

БлагодарностГаличник Филм Фестивал не би бил ист без поддршката од оние кои веруваат во неговата идеја и во потребата фи...
14/08/2026

Благодарност

Галичник Филм Фестивал не би бил ист без поддршката од оние кои веруваат во неговата идеја и во потребата филмот да стигне и надвор од урбаните места.

Им благодариме на нашите спонзори што и оваа година застанаа зад фестивалот и помогнаа седмото издание да го реализираме онака како што го замисливме.

Вашата поддршка е дел од секоја проекција, секоја средба и секој момент што го споделивме во Галичник.

Ви благодариме за довербата и за тоа што верувате во Галичник Филм Фестивал. ❤️🎬

До следното издание.

10/08/2026

"Има една реченица што не престанува да ми се врти во глава по мастер-класот на Дина Дума во Галичник. Не затоа што беше спектакуларна. Туку затоа што беше страшно обична. Новиот филм, раскажа таа, не започнал со сценарио. Ниту со продуцент. Ниту со буџет. Почнал додека возела велосипед покрај кејот. На скејт-паркот забележала девојче во шалвари како вози скејтборд. Некој друг би продолжил да вози. Таа застанала. Неколку секунди подоцна веќе знаела дека токму таму започнува филм."

Фотографии: Маја Аргакијева

Прочитајте повеќе на линкот во коментар.

Galichnik Film Festival

По четири фестивалски вечери исполнети со извонредни филмови, инспиративни средби и незаборавни моменти, дојде време да ...
04/08/2026

По четири фестивалски вечери исполнети со извонредни филмови, инспиративни средби и незаборавни моменти, дојде време да ги објавиме добитниците на наградите на 7. Галичник Филм Фестивал. 🎬🏆

Голема благодарност и до нашето стручно жири за внимателниот избор, посветеноста и времето што го вложија.

* Гран При – „Што ако бомбардираат овде вечерва“

* Најдобар игран краткометражен филм – „Жигосување“
* Најдобар документарен краткометражен филм – „Кобила-авион“
* Најдобар анимиран краткометражен филм – „Живот кучешки“

* Најдобра Актерка - Јана Никодиновска за улогата во „Мала шега“
* Најдобар Актер - Миливој Мики Рош за улогата во „Ветер во грб“
* Најдобра режија – Рабиа Озмен за филмот „Процедура“
* Најдобро сценарио – Игор Христов за филмот „Сопри ја колата“
* Најдобра кинематографија – „Нилски коњ“

* Награда од публиката – „Сопри ја колата“
* Специјално признание – „Сакав да ти го слушнам гласот“

Им честитаме на сите наградени автори и им благодариме на сите филмски екипи што ја споделија својата работа со нашата публика.

Третата фестивалска вечер под ѕвездите  ✨🎬Уште една незаборавна вечер исполнета со филм, разговори и прекрасна публика. ...
03/08/2026

Третата фестивалска вечер под ѕвездите ✨🎬

Уште една незаборавна вечер исполнета со филм, разговори и прекрасна публика. Aтмосферата што ја создадовме заедно е она што го прави Галичник Филм Фестивал посебен.

Благодарност до сите што беа со нас и ја споделија оваа магија. ❤️

🎬 По доделувањето на наградите, седмото издание на Галичник Филм Фестивал ќе го заокружиме со „Диџеј Ахмет“ филм на наши...
03/08/2026

🎬 По доделувањето на наградите, седмото издание на Галичник Филм Фестивал ќе го заокружиме со „Диџеј Ахмет“ филм на нашиот фестивалски пријател, режисерот Георги М. Унковски.

Топла, искрена и духовита приказна за младоста, соништата и обидот да се најде сопствениот пат, филм кој ги освои срцата на публиката и бројни фестивали.

Ве очекуваме за последната фестивалска проекција под галичкото небо. ✨

📅 03.08.2026
🎥 „Диџеј Ахмет“
🏔️ Галичник Филм Фестивал

Втората фестивалска вечер на Галичник Филм Фестивал. 🎬🌙📷Maja Argakijeva
02/08/2026

Втората фестивалска вечер на Галичник Филм Фестивал. 🎬🌙

📷Maja Argakijeva

Вечерва на програмата нè очекуваат нови филмски светови, силни авторски гласови и приказни што ќе ве насмеат, замислат и...
02/08/2026

Вечерва на програмата нè очекуваат нови филмски светови, силни авторски гласови и приказни што ќе ве насмеат, замислат и трогнат.
Погледнете што ќе гледаме на третата

фестивалска вечер и придружете ни се во Галичник.

Се гледаме под ѕвездите. 🎬✨

🎬🚶‍♀️ Прошетка со режисерката Дина ДумаФилмаџии, студенти, новинари и љубители на филмот тргнавме на една поинаква филмс...
01/08/2026

🎬🚶‍♀️ Прошетка со режисерката Дина Дума

Филмаџии, студенти, новинари и љубители на филмот тргнавме на една поинаква филмска средба, прошетка со Dina Duma, до чешмата Вирови, карши Галичниk

Во опуштена и искрена атмосфера, далеку од формалните рамки, разговаравме за филмот, инспирацијата, процесот на создавање и патот на еден автор. Дина одговараше отворено, ненаметливо и со искреност што ја направи оваа средба посебна.

Да не беше силното пладневното галичко сонце, веројатно разговорите ќе продолжеа со часови. Прашањата доаѓаа едно по друго, а секој одговор отвораше нова тема, нова приказна.

Еден прекрасен ден исполнет со филм, природа и човечка блискост. ✨

✨ Првиот фестивалски ден на Галичник Филм Фестивал помина во знакот на филмот, средбите и магијата на Галичник.Под отвор...
01/08/2026

✨ Првиот фестивалски ден на Галичник Филм Фестивал помина во знакот на филмот, средбите и магијата на Галичник.

Под отворено небо, ја започнавме нашата седма фестивалска приказна со публика, автори и љубители на филмот кои повторно ја претворија планината во мало филмско срце. 🎬
Ви благодариме што бевте дел од оваа вечер. Продолжуваме со уште филмови, разговори и незаборавни моменти.

📍Галичник Филм Фестивал 2026

🎬 Вториот фестивалски ден е пред нас!По прекрасното отворање, вечерва продолжуваме со нова селекција на краткометражни ф...
01/08/2026

🎬 Вториот фестивалски ден е пред нас!

По прекрасното отворање, вечерва продолжуваме со нова селекција на краткометражни филмови од различни делови на светот. Ве очекуваат приказни што ќе ве насмеат, ќе ве замислат и ќе ве однесат на едно ново филмско патување, под отворено небо, во срцето на Галичник.

Погледнете ја вечерашната програма и придружете ни се. Се гледаме на Галичник Филм Фестивал! 🍿✨

Address

Galichnik
Galicnik

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Galichnik Film Festival posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Establishment

Send a message to Galichnik Film Festival:

Shortcuts

Share

Category