22/06/2026
🌟 Здраво, другарчиња! 👋💜
Јас сум вашето ново другарче – Луми! ⭐🎤
Ова лето започнува вистинската музичка магија! 🎶✨
Додека вие уживате во сонцето, играта и летните авантури, нашите композитори и текстописци вредно создаваат нови, весели и незаборавни песнички, инспирирани од вас.
Едвај чекам да ги слушнам сите прекрасни гласови и да ве бодрам од првиот до последниот настап! Заедно ќе пееме, ќе се дружиме, ќе создаваме нови пријателства и ќе направиме спомени што долго ќе останат во нашите срца. 💫
Затоа, подгответе ги вашите насмевки и доброто расположение – сцената ве чека! 🎤🌟
Запомнете:
⭐ Ѕвездите не се раѓаат само на небото – тие блескаат и на сцената!
Со многу љубов,
Вашето другарче Луми 💜✨