Bit Fest

Call Website

Bit Fest Веб страна: http://bitfest.mk

БИТОЛА ЈА ВРАТИ ЧАЛГИЈАТА ВО СРЦЕТО НА СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА Со музика, традиција и прекрасна енергија која ја исполн...
16/08/2026

БИТОЛА ЈА ВРАТИ ЧАЛГИЈАТА ВО СРЦЕТО НА СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА

Со музика, традиција и прекрасна енергија која ја исполни Старата битолска чаршија, заврши првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал посветен на чалгијата, организиран од ЈОУ Културно - информативен центар - Битола, во рамките на Битолското културно лето - БИТ ФЕСТ, во соработка со Општина Битола.

Два дена Битола живееше во ритамот на чалгијата, а Старата битолска чаршија повторно заживеа на најубав начин - исполнета со музика, луѓе, светлина и препознатливиот дух на стара Битола.

Фестивалот покажа дека кога традицијата ќе се врати на улиците и во просторите каде што некогаш живеела, чаршијата повторно го добива својот препознатлив печат на градот.

Од првите фестивалски звуци со „Чапче и Тајфата“, преку Филип Шурбевски Езгија Квартет, „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, па се до настапот на „Љубојна“ и Битолскиот Чалгиски Оркестар, чаршијата стана сцена на која традицијата и современиот музички израз создадоа прекрасна атмосфера.

Фестивалот започна со едукативниот семинар „Канон – Чалгиска музика“, под менторство на Филип Михајловски, а вториот фестивалски ден донесе и пајтонско дефиле по Широк Сокак, со што чалгиската приказна се прошири низ срцето на градот.

Фотографиите од фестивалските вечери најдобро ја раскажуваат приказната - за една чаршија која повторно е полна со живот, за град кој знае да ја зачува својата традиција и за Битола која блеска во својата најубава светлина.

„Битолски чалгиски денови“ покажаа дека традицијата не е само спомен од минатото - таа може повторно да живее, да се слуша и да го исполнува градот.

ВО НЕДЕЛА, НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО КОНЦЕРТНАТА ПРОГРАМА „МАКЕДОНСКИ СНОВИДЕНИЈА“ ВО БИТОЛА НА БИТ ФЕСТНа 16 август,...
15/08/2026

ВО НЕДЕЛА, НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО КОНЦЕРТНАТА ПРОГРАМА „МАКЕДОНСКИ СНОВИДЕНИЈА“ ВО БИТОЛА НА БИТ ФЕСТ

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.
Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

ПРВА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР НА „БИТОЛСКИ ЧАЛГИСКИ ДЕНОВИ“Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за ...
15/08/2026

ПРВА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР НА „БИТОЛСКИ ЧАЛГИСКИ ДЕНОВИ“

Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата.

Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола.
Вечерва, програмата продолжува.

Во 18:00 часот, Широк Сокак ќе биде исполнет со фестивскиот дух преку пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави вториот фестивалски ден.

Од 20:30 часот, во Старата битолска чаршија повторно настапуваат „Чапче и Тајфата“, а во 22:00 часот следуваат „Љубојна“ и Битолскиот чалгиски оркестар.
Битолски чалгиски денови - првиот фестивал посветен на чалгијата во Битола.

14/08/2026

Важно известување!!!

Поради најавените временски неприлики, Ве известуваме дека дефилето на пајтони, дел од програмата на фестивалот „Битолски чалгиски денови“ се поместува за утревечер 15.08 со почеток во 18.00 ч. на Широк сокак.

Ви благодариме за разбирањето.

Ваш КИЦ Битола,

Општина Битола - официјална страница
Dom Bitola - Офицерски Дом Битола
Bit Fest

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ „БИТОЛСКИ ЧАЛГИСКИ ДЕНОВИ“На 14 и 15 август, Битола ќе пулсира во ритамот на чалгиј...
13/08/2026

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ „БИТОЛСКИ ЧАЛГИСКИ ДЕНОВИ“

На 14 и 15 август, Битола ќе пулсира во ритамот на чалгијата!

„Битолски чалгиски денови“ - првиот фестивал посветен на чалгиската музика во градот, во рамките на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно-информативниот центар – Битола.

📍 14 август
11:00 – Семинар „Канон – Чалгиска музика“, Офицерски дом
18:00 – Пајтонско дефиле, Широк Сокак
20:30 – Чапче и Тајфата
21:30 – Филип Шурбевски Езгија Квартет
22:30 – „Мерак чалгии“, Димитар Андоновски и Бојан Стојков

📍 15 август – Стара Чаршија
20:30 – Чапче и Тајфата
22:00 – Љубојна и Битолскиот Чалгиски Оркестар

✨ Два дена чалгија. Два дена традиција. Една Битола.

Да ја оживееме музиката на чаршијата и заедно да создадеме нова битолска фестивалска традиција!

15.08 Офицерски дом 20.00 ч.Концерт „Ideale“Иван Наумовски- басбаритонЕлена Атанасовска - пијано
12/08/2026

15.08 Офицерски дом 20.00 ч.
Концерт „Ideale“
Иван Наумовски- басбаритон
Елена Атанасовска - пијано

На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ публиката ќе има можност да го

БИТОЛА ДОБИВА СВОЈ ФЕСТИВАЛ НА ЧАЛГИЈАТА!На 14 и 15 август, Широк Сокак и Старата битолска чаршија ќе заживеат во ритамо...
12/08/2026

БИТОЛА ДОБИВА СВОЈ ФЕСТИВАЛ НА ЧАЛГИЈАТА!

На 14 и 15 август, Широк Сокак и Старата битолска чаршија ќе заживеат во ритамот на чалгијата, традицијата и битолскиот мерак.

Две вечери музика и традиција. Таму каде што чаршијата пее, а Битола раскажува приказни.

10/08/2026

Битола❤️Чалгија...Традиција... На 14 и 15 август на Широк сокак и во Старата битолска чаршија - првиот фестивал ,,Битолски Чалгиски Денови" на БИТ ФЕСТ

Address

Bitola

Telephone

+38947208339

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bit Fest posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category