--== МАНИФЕСТ ==--
Почитувана заедницо,
Целта на оваа фејсбук страница е да потсетува на македонската музика, нејзините создавачи, интерпрететори, нејзините поддржувачи но и да стимулира размислувања и дускисии за модерните теми што ја тангираат македонската современа музика и генерално културата во македонското општество.
Ви благодариме многу за вашиот ангажман, коментари, вашето мислење, изразената преференца кон спомнатите изведувачи (секако има уште многу добри македонски изведувачи и групи кои можеби ќе ги заборавиме или за кои допрва ќе споделиме и напишеме нешто), но ве замолуваме да се воздржите од навреди и не убави зборови кон било кого.
Кога некој ќе ја види оваа Фејсбук страна и дискусиите преку сите нејзини коментари нека препознае цивилизирана заедница спремна за модерното време на толеранција и разбирање, но со голема љубов и почит кон домашната музика и кон оние што ја создаваат, интерпретираат и поддржуваат.
Уредниците на оваа фејсбук страна, кои се музички ентузијасти, го задржуваат уредничкото право за отстранување на навредливи, недолични и агресивни пораки, фотографии, илустрации и видеа. Се надеваме дека тоа нема да мора да го правиме.
Ние се обврзуваме на споделување информации, фотографии, илустрации, видеа и прашања што ќе стимулираат размислување и дискусии за теми поврзани со македонската музика и култура.
Исто така, се обврзуваме на стимулирање иницијативи поврзани со домашната музика и култура со кои ќе се гордеат сите добронамерници што живеат во македонското општество.
Доколку ви се допаѓа она што го работиме и сакате да не поддржите и финансиски, тоа може да го направите на следнава веб страница: https://buymeacoffee.com/vbumuzichkiregistar
Примарниот мотив не се парите, но со нив ќе може да правиме повеќе и подобро.
Ви благодариме,
Срдечен поздрав
Златко Ангелески и Васил Буралиев